Taleski, Vaso and Angelovska, Bistra and Zdravkovska, Milka and Jovevska, Svetlana (2015) Цревни заразни дијарејални заболувања - Најзначајни бактериски причинители (1). Farmacevtski informator, 2 (41). pp. 38-41. ISSN 1409-8784
Preview |
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
Naslovna Farmacevtski informator.pdf Download (2MB) | Preview |
Preview |
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
Text 1 str Farm inform.pdf Download (1MB) | Preview |
Preview |
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
Text 2 str Farm Inform.pdf Download (1MB) | Preview |
Preview |
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
Text 3 str Farm inform.pdf Download (1MB) | Preview |
Preview |
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
Text 4 str Farm Inform.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Значење на црвените заразни дијарејални заболувања
Цревните заразни заболувања се едни од најчестите заразни заболувања. Според Светската здравствена организација (WHO) и UNICEF, годишно се јавуваат околу 2 милијарди случаи на заболувања со дијареја (20 % од сите заразни заболувања). Околу 1,9 милиони деца помлади од 5 години умираат секоја година од овие заболувања (18% од сите умрени деца помлади од 5 години), односно повеќе од 5000 деца умираат секој ден. Овие заболувања се најчести во земјите во развој, особено во тропските предели, а 78 % од смртните случаи се јавуваат во Африка и југо-источна Азија.
Цревните заразни заболувања се значајни за сите земји во светот, особено за земјите во развој каде не се добро решени диспозицијата на фекалните и другите отпадни материи како ниту снабдувањето со хигиенски исправна вода за пиење. Во ваквите предели овие заболувања имаат ендемично-епидемиски карактер, ги има постојано со повремено избивање на помали или поголеми епидемии. Во развиените земји цревните заразни заболувања се јавуваат заради пропусти во дезинфекцијата (хлорирањето) на водата за пиење или грешки во подготвување, чување и дистрибуција на готова храна, конзервирана храна и заради широката употреба на колективна исхрана. Овие заболувања се ризик и за патници (особено во авионскиот сообраќај на долги летови) и туристи кои добиваат т.н. „патнички пролив“ (особено за оние кои од развиени земји патуваат во земји каде има голема фекална контаминација).
Во воени и вонредни состојби (поплави, земјотреси) доаѓа до нагло влошување на хигиенските услови, оневозможување на спроведување на основните хигиенски мерки што придонесуваат за појава и ширење на овие заболувања.
Високите летни температури, проблеми со водоснабдување, патувања, начинот на исхрана, зголемен број на инсекти и глодачи се најзначајни фактори кои го зголемуваат ризикот за заболување од цревни заразни болести. Високите температури влијаат на побрзо размножување на бактериите и вирусите во храната и водата за пиење, а исто така и луѓето не ја одржуваат хигиената на потребното ниво.
Овие заболувања се пренесуваат првенствено преку загадена храна, вода и нечисти раце, во нехигиенски услови значајна улога имаат мувите. Храната е многу поволна средина за раст и размножување на микроорганизмите, особено во лето. Најзначајни видови храна поврзани со овие заболувања се: месо, јајца, овошје и зеленчук.
Резервоари на заразата се: човек (инфициран, болен или бацило-носител) и животните.
Извор на заразата се измет и урина.
Патишта на пренос се: храна, вода, нечисти раце и муви.
Влезна врата: уста.
Инфективната доза варира зависно од вируленцијата на внесените микро-организми (м.о.), чувствителноста на луѓето и нивната возраст (малите деца се многу почувствителни). За некои м.о. инфективната доза е многу мала (10-100) а за некои многу голема (105 до 108).
Ентеропатоген микроорганизам ID
(инфективна доза)
Shigella spp. 10-100
E.coli 0157:H7 (шига токсин) 10-100
Giardia lamblia, Cryptosporidium parvum 30-100
Norovirus (Norwalk like virus) 100
Salmonella 103 - 105
Campilobacter 103 – 106
Vibrio cholera 106
ETEC (ентеротоксикогена E. coli) 108
Табела 1. Инфективна доза
(број на м.о. кои причинуваат инфекција и болест)
Сезонски варијации: Заболувањата се јавуваат во тек на цела година, со максимум во летните месеци.
Главни фактори поврзани со високата смртност кај пациенти со дијареја се:
• Неухранетост;
• Компликации (дехидратација, пневмонија, сепса, хемолитичко-уремичен синдром);
• Инфекции причинети од инвазивни м.о. (Vibrio cholera, Shigella, Rotavirus);
• Недостапност на рехидратација и антимикробна терапија;
• Долготрајна дијареја (подолго од 14 дена).
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Vaso Taleski |
Date Deposited: | 28 Dec 2015 13:25 |
Last Modified: | 28 Dec 2015 13:25 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14364 |
Actions (login required)
View Item |