Nikovska, Natasa (2015) Креирање на стратегија за создавање и одржување на конкурентска предност на претпријатијата. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
НАТАША_НИКОВСКА-ЛЕКТОРИРАН_МАГИСТЕРСКИ_ТРУД-.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Правилно креираната стратегија се базира на приоритетни цели,
овозможувајќи корпоративен напредок за остварување на целокупната визија и
успех на висока конкурентска положба во рамки на современиот бизнис.
Успешноста на стратегијата се мери преку степенот на извршување на
поставените активности инкорпорирани во различните стратегиски форми и
модели, кои овозможуваат правилен тек на процесот и даваат одговор на
предизвиците. Успехот на претпријатието зависи од привлечноста на дејноста
во која конкурира на пазарот, каде деловните резултати се темелат на
способноста за постигнување на посакуваната позиција и остварување на
одржлива конкурентска предност. Односно, деловните резултати зависат од
конкурентската предност што претпријатието има потенцијал да ја постигне.
Стратегијата, всушност, ја одредува насоката на делување, додека, пак,
одлуките ги вклучуваат приоритетите кои овозможуваат остварување на
организациската визија и стратегиската цел.
Стратезите се практични, реални, ефективни и аналитички настроени со
цел да обезбедат правилна артикулација на дијагнозата, проектирањето и
спроведувањето на стратегијата. Само ефикасна акција и резултати кои носат
профит и подобри конкурентски перформанси го оправдуваат напорот во
поглед на целокупниот стратегиски пристап.
Клучни зборови: дејност, потенцијал, процес, одлучување, активност,
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 30 Sep 2015 12:36 |
Last Modified: | 30 Sep 2015 12:36 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13896 |
Actions (login required)
View Item |