Buzarovska - Lazetik, Gordana and Kosevaliska, Olga and Nanev, Lazar (2015) Кривично постапување спрема деца во ризик и деца во судир со закон. Кривично постапување спрема деца во ризик и деца во судир со закон, 1 (1). Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ Правен факултет Јустинијан Први, Скопје. ISBN 978-608-4655-53-4
Preview |
Text
Ucebnik со ЦИП комплет 30.04.2015-1.pdf Download (656kB) | Preview |
Abstract
Постапувањето спрема децата отсекогаш имало свои специфики по кои сосема се разликувало од постапувањето спрема возрасните, како сторители на кривични дела. Ваквата потреба се оправдува со психо-физичкиот, емоционалниот и менталниот степен на развиток на детето и соодносот помеѓу возраста и зрелоста, но и расчекорот помеѓу желбите, можностите и потребите на младиот човек. Поради влијанието на егзогените и ендогените фактори детето не е во состојба да ги сфати последиците од преземеното дејствие и не секогаш може успешно да направи дистинкција помеѓу општествено прифатливото и неприфатливото однесување.
Потребата за изработка на учебник посветен на постапувањето спрема децата се наметна како потреба со оглед на фактот што оваа материја од материјалното и процесното казнено право се издвои во посебен закон. Новите приоди во постапувањето беа првично прифатени во Законот за малолетничката правда, којшто се применуваше од 2009 до 1 декември 2013 година, а според позитивното законодавство и со мали измени, постојат и во Законот за правда за децата.
Новите решенија ја апострофираат улогата на неформалните облици на постапување, мислењето и согласноста од оштетениот за примена на определени процесни облици, како и проширени овластувања на јавниот обвинител за примена на начелото на целесообразност. Едновремено, прифатени се облици на постапување коишто се растоварени од определени формалности и овозможуваат изрекување и започнување со извршување на санкцијата во краток период по добиеното сознание за стореното кривично дело. Голема предност на законските решенија е можноста да се преземе соодветна реакција од Центрите за социјална работа и кон деца во ризик на возраст од 7 до 14 години. Долгорочните цели на специјалната превенција се нагласени со активното вклучување на семејството на детето во ризик во сите облици на постапување со цел за зајакнување на семејството како институција, но и пружање поддршка во остварување на основните функции на семејството за воспитување, грижа и заштита на децата.
Подготвениот учебник е наменет, пред сé, за студентите на студиите од втор циклус на правните науки, но може да помогне и во совладување на материјата посветена на децата во ризик и за студентите на прв циклус на правните науки. Авторите се надеваат дека учебникот ќе им помогне и на практичарите во рамките на остварување на своите овластувања.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Olga Kosevaliska |
Date Deposited: | 28 Sep 2015 09:48 |
Last Modified: | 28 Sep 2015 09:48 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13849 |
Actions (login required)
View Item |