Hadzi-Nikolov, Stojan (2015) Ефективност на вештачки граници во зависност од параметри на мрежата. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
лекториран магистерски труд.pdf Download (12MB) | Preview |
Abstract
Во овој труд ќе се осврнеме на пресметката на интеракцијата флуид - структура (fluid-structure interaction (FSI). Флуидно - структурната интеракција (FSI) се користи при анализа на заемнодејсвото помеѓу флуидите и цврстите структури. Овој феномен се јавува кај сите проблеми кои вклучуваат проток на флуид кој предизвикува деформација на цврстата структура и деформираната цврста структура предизвикува промена на протокот на флуидот. Прикажани се нумеричките резултати добиени за различни дебелини на мембраната. Влезниот агол односно поместувањето на објектот и аголното поместување кои се пресметуваат и илустрираат преку дијаграми (цртежи). Коефициентот на отпор Cd, коефициентот на подигнување Cl и вртливиот момент исто така се пресметуваат и прикажуваат со слики. Направена е компарацијата помеѓу различни дебелини на мембрана со користење на фиксната мрежа и деформирани мрежи преку цртежи, како и компарација помеѓу фиксните и деформираните мрежи. Конечно точноста на деформирани мрежи на пониски нивоа се споредуваат со резултатите добиени на повисоките нивоа на фиксната мрежа.
Даден е краток опис за моменталниот статус на флуидно структурни интеракциски проблеми, почетната состојба и негова примена во различни инженерски дисциплини. Со цел да се продолжи со нумеричка анализа на проблемите на интеракција флуид - структура, опишана е теоријата на „Пресметковната динамика на флуиди“ (CFD), основните равенки, Навие-Стоксовите равенки и методот на конечни елементи како и решавање на проблемот со помош на софтверот FEATFLOW.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Computer and information sciences |
Divisions: | Faculty of Computer Science |
Depositing User: | Vaska Zdravkova |
Date Deposited: | 28 Sep 2015 09:41 |
Last Modified: | 28 Sep 2015 09:41 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13845 |
Actions (login required)
View Item |