Скрипта по хотелиерство

Taskov, Nako and Metodijeski, Dejan (2012) Скрипта по хотелиерство. In: Скрипта по хотелиерство. University "Goce Delcev" Stip, pp. 1-204.

[thumbnail of RECENZIRANA SKRIPTA HOTELIERSTVO.pdf] Text
RECENZIRANA SKRIPTA HOTELIERSTVO.pdf

Download (1MB)

Abstract

Скриптата е наменета за потребите на студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика за подготвување на испитот по предметот Хотелиерство. Содржината на скриптата ја опфаќа потребната материја за предавањата по предметот Хотелиерство, според Наставната програма на Факултетот за туризам и бизнис логистика. Скриптата можат да ја користат сите студенти на останатите факултети каде што се изучува предметот Хотелиерство, но и останатите стручни кадри кои ја проучуваат оваа проблематика. Скриптата е изготвена со цел да се унапреди наставата по предметот Хотелиерство и да се подобри квалитетот на знаењето на студентите. Скриптата е изработена во девет глави.
Во првата глава е опфатен материјалот за појавата и историскиот развој на хотелиерството како дејност. Табеларно се прикажани капацитетите на објектите за сместување во светот. Прикажани се и статистичките податоци за бројот на туристи и бројот на ноќевања кои тие ги оствариле во нашата земја.
Во втората глава е објаснета материјално-техничката база во хотелиерството, хотелскиот комплекс (блок за ноќевање, блок за хранење и дополнителни услуги), видовите објекти за престој, нивното дефинирање и класификација.
Во третата глава се разгледуваат карактеристиките на објектите за престој, се дава дефиниција за хотел, видови на хотели, синџири на хотели, дефиниција за мотел, кампинг, бунгалови, туристички населби и други објекти за престој.
Четвртата глава е посветена на персоналот (кадрите) во хотелиерството. Објаснети се задачите, функциите и одговорностите на административно-управувачкиот персонал (менаџери) и услужниот персонал (рецепционер, домаќин и др.), нивната селекција, атестација и развој.
Петтата глава го содржи материјалот за технологијата и организацијата на услужувањето во хотелиерството. Разгледани се: резервациите и резервациските системи; пречекувањето, регистрацијата, сместувањето и испраќањето на гостите; хотелската соба (намена и опременост) и организацијата на работата во хотелското домаќинство.
Во шестата глава се обработуваат дополнителните услуги во хотелиерството (рехабилитациски, спортски, мини бар, рум сервис), социјално-психолошките аспекти во хотелското работење, безбедноста на гостинот, хотелот и животната средина и најчесто користените форми на реклама во хотелиерството.
Седмата глава е посветена на системот ол инклузив во хотелиерството. Разгледани се неговите карактеристики, факторите за развој, пазарот и развојот на овој вид на одмор.
Осмата глава ја опфаќа материјата поврзана со хотелиерството и крстарењата. Прикажана е индустријата на крстарењата и како е организиран бродот за крстарење.
Во деветтата глава се разгледува материјалот поврзан со категоризацијата на угостителските објекти, условите за категоризација, барањето за категоризација и услугите кои се нудат во угостителските објекти.
Искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на материјалите кои беа неопходни за комплетирање на содржината на скриптата. Имајќи предвид дека е ова прво издание, ненамерно можеби сме пропуштиле некои карактеристики на хотелското работење. Мислењата и забелешките можат да се упатуваат по електронски пат. За сите забелешки, авторите ќе ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на наредното издание.
Воедно, искажуваме јавна благодарност до рецензентите Доц. д-р Билјана Петревска и Доц. д-р Марија Ацковска за корисните сугестии при изработката на скриптата.

Item Type: Book Section
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 20 Nov 2012 14:31
Last Modified: 20 Nov 2012 14:31
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1351

Actions (login required)

View Item View Item