Barbareev, Kiril (2015) „Заедници за учење“ Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија. [Project]
Preview |
Text
проект ЗАЕДНИЦИ ЗА УЧЕЊЕ.pdf Download (193kB) | Preview |
Abstract
Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија, како спроведувач на Проектот „Со читање до лидерство“
финансиран од Американската агенција за меѓународен развој УСАИД И Министерството за образование и наука
Целта на овој проект е да се претстави концептот за заедница за учење како платформа за професионален развој на наставниците преку решавање практични предизвици кои произлегуваат од нивниот училиштен контекст.
Во првата фаза опфатени се 42 училишта и беа одржани по две средби со заедниците за учење. Секоја средба беше водена од еден ментор кој е одреден и обучен од страна на проектот за работа со овие професионални заедници.
Наставниците беа запознаени со инструментите кои ќе се користат како методологија на нивната развојна работа и начинот на организирање на нивното развојно портфолио. Исто така, во оваа прилика членовите на заедниците за учење пополнуваа инструменти кои треба да им дадат информација ним и на нивните ментори, за тоа каква е организациската култура во нивното училиште, односно кои сè предуслови е потребно да се исполнат за градење култура на постојано учење во тоа училиште. На вторите средби кои се одржуваа во текот на месец мај и почетокот на јуни, фокусот беше ставен на редефинирање на развојните активности на наставниците, со цел тие да одликуваат систематско пристапување кон некој практичен предизвик од работата на наставникот. Наставниците континуирано го збогатуваат своето развојно портфолио со докази за својот процес на учење и споделување на искуства и мислења за педагошката пракса во училиштето. Една од задачите кои беа поставени на оваа средба беше вметнувањето на развојните активности на заедницата за учење, во годишната програма на училиштето.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Kiril Barbareev |
Date Deposited: | 30 Jun 2015 11:17 |
Last Modified: | 04 Aug 2015 09:26 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13465 |
Actions (login required)
View Item |