Лексиката со семантичкиот признак „емоционалност“ во германскиот и во македонскиот јазик

Ivanovska, Biljana (2015) Лексиката со семантичкиот признак „емоционалност“ во германскиот и во македонскиот јазик. Other. UGD, Stp.

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_biljana.ivanovska_Desktop_MONOGRAFIJA1.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_biljana.ivanovska_Desktop_MONOGRAFIJA1.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Во последниве десетина години во средиштето на лингвистичките истражувања сѐ почесто се обработува темата (или категоријата) емоционалност, бидејќи од т.н. емоционализам во психологијата станува сѐ појасно дека луѓето не се само спој од когнитивни, туку и од емоционални особености. Станува сѐ поочигледно, колку голем потенцијал, но и колку сѐ уште неопишани тајни се кријат во човековите чувства. Темата за емоционалноста е толку деликатна како и самата човекова душа. Во научните сознанија се истражува и познавањето на значењето за емоционалноста во човековата интеракција; имено, интеракцијата не може да се замисли без емоциите. Јазичните единици што изразуваат емоции тешко можат да се разграничат едни од други, а уште потешко можат да се категоризираат. Кон ова се надоврзуваат прашањата за спецификите во културата, наспроти универзалноста на емоционалноста и прашањата за поединостите на лексиката што изразува емоции како самостоен дел од лексиконот што треба да се одреди и да се категоризира.

Item Type: Monograph (Other)
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Biljana Ivanovska
Date Deposited: 19 Jun 2015 08:24
Last Modified: 19 Jun 2015 08:24
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13372

Actions (login required)

View Item View Item