Papakoca, Kiro and Ruskovski, Slobodan and Apostoloski, Pavle and Mitevski, Kiril and Gerasimova, Emilija and Trenceva, Aleksandra (2015) Значење на оклузалната морфологија при артикулација. In: 22nd International Dental Student’s Scientific Congress, 22-24 May 2015, Ohrid, Macedonia.
Preview |
Text
ABS2015.pdf Download (18MB) | Preview |
Preview |
Text
Doc200.pdf Download (429kB) | Preview |
Abstract
Цел: Цел на нашиот труд беше да постигнеме идеална функционална оклузална морфологија и интеркуспидација при моделација на оклузалните површини на бочни заби во горна и долна вилица.
Материјал и метод: за реалзација на поставената цел го применивме оклузалниот компас според Douglass De Vreught кој овозможува и ја олеснува моделацијата на функционалната оклузална површина преку различно обоени полиња (букалните тубери на долни и горни бочни заби за време на мастикацијата - назад до центрична оклузија и за време на парафункционалните движења - надвор од оклузија). Со помош на оваа алатка беа измоделирани во восок 10 молари (пет горни и пет долни). Во трудот ќе бидат прикажани етапно фазите на работа.
Резултати: Со примена на Douglass De Vreugd оклузалниот компас се постигна следново: кога беше поставен во дисталниот централен стоп сите површини кои припаѓа во обоените секции беа ослободени од интерференции со крајна цел да обезбедат спротивните тубери да патуваат во и од централна оклузија.
Заклучок: Интердисциплинарната стручна соработка на стоматолозите и забните техничари се неопходни во имплементацијата на овој оклузален компас како современа алатка која ја олеснува и ја подобрува функционалната оклузална морфологија на идната фикснопротетска конструкција
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Kiro Papakoca |
Date Deposited: | 18 Jun 2015 08:58 |
Last Modified: | 11 Aug 2023 11:29 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13366 |
Actions (login required)
View Item |