Прилагодување на туристичкиот производ на современите тенденции во туризмот во Р. Македонија

Hubreva, Aleksandra (2015) Прилагодување на туристичкиот производ на современите тенденции во туризмот во Р. Македонија. Masters thesis, Goce Delcev University - Stip.

[thumbnail of Magisterska-Aleksandra-1.pdf]
Preview
Text
Magisterska-Aleksandra-1.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Туризмот претставува соодветен феномен на современата цивилизација. Тој веќе во практика зазема забележително место, бидејки се смета за една од најмасовните појави воопшто во историјата на човечкото постоење. Многу е полесно да се согледаат неговите практични карактеристики, одошто да се протолкува од научна гледна точка. Токму таа тешкотија претставува предизвик за негово проучување. Тој е проучуван од повеќе аспекти, а исто така вршени се и фундаментални и апликативни истражувања.
Како важна гранка во крајот на дваесеттиот и почетокот на дваесет и првиот век, туризмот по сите релевантни индикатори е една од водечките позиции во светската економија, како по туристичкиот сообраќај, бројот на вработени, учеството во општествените производи, националниот доход, така и по девизниот прилив и вкупната потрошувачка застанал рамо до рамо со досега водечките гранки како што се нафтата и автомобилската индустрија. Туризмот стана светски феномен, и составен дел од животот на доминантното население во светот. Денес во услови на современиот живот, луѓето се повеќе изложени на стрес и замор, како на работа така и во домашна атмосфера, со зголемувањето на урбанизацијата и загадувањето на животната средина, туристичките потреби можат да се класифицираат во основни потреби за егзистенција на човековите потреби.
Со зголемувањето на животниот стандард на луѓето, слободните парични средства, како и слободното време, туризмот почнува да добива значење во светски размер.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Vaska Zdravkova
Date Deposited: 18 May 2015 09:03
Last Modified: 18 May 2015 09:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13176

Actions (login required)

View Item View Item