Токсиколошка Хемија - скрипта

Kostik, Vesna (2015) Токсиколошка Хемија - скрипта. ISBN 978-608-244-184-9.

[thumbnail of насловна.pdf]
Preview
Text
насловна.pdf - Published Version

Download (533kB) | Preview

Abstract

Ракописот „Токсиколошка Хемија"претставува основна литература наменета за студентите на Студиската програма по Фармација, при Факултетот за Медицински Науки.
Конципиран е на начин што во себе ги опфаќа сите елементи на токсиколошката хемија, како посебна научна дисциплина, која во себе содржи елементи на повеќе научни дисциплини: токсикологија, физиологија, биохемија, неорганска хемија, органска хемија, аналитичка хемија и др. Основната цел на ова учебно помагало е изучувањето на разни видови отрови, нивното делување врз човекот и други животински видови, видови труења и начин на лекување. Содржината на ова учебно помагало ги запознава студентите со начинот на испитување (идентификација и определување) на отровите и нивните метаболити во биолошки материјали со примена на класични и современи аналитички методи и техники. Обработени се и биохемиските индикатори кои укажуваат на труење. Посебен осврт е даден и на изпитувањата во воздух, почва и други видови материјали.
Кај нас досега не се објавени учебници и учебни помагала од оваа област кои на студентите по фармација би им овозможиле на соодветен начин со научни факти да се запознаат со основите на токсиколошката хемија и нејзиното значење во изучувањето на отровите.
Содржината на ова учебно помагало во целост ги запознава студентите по фармација со основите на токсиколошката хемија, како посебна научна дисциплина и претставува основа за надоградување на нивните понатамошни знаења од оваа област.
Поради својата содржина, а и поради начинот на кој е напишано, ова учебно помагало претставува материјал кој може да биде од интерес и на пошироката стручна и научна јавност, како и сите здравствени работници кои доаѓаат во контакт со фармацевтската практика и наука.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Vesna Kostik
Date Deposited: 04 May 2015 09:12
Last Modified: 04 May 2015 09:12
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13115

Actions (login required)

View Item View Item