Kitevska, Marinela (2015) Комплементарни методи на лекување со посебен осврт на методата колор енергетско-физиолошки меди тејпинг (CEPMT). Other thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
SPECIJALISTICI TRUD-MARINELA KITEVSKA.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
Меди-тејпингот има идејна основа од господинот д-р Касе, но проблемот со мускулите не го става во преден план, туку човекот го гледа во целост. Дејствувањето само на симптомите не е доволно. Треба да се почитуваат целата биомеханика, енергетскиот статус на пациентот и бојата на лентата за да имаме подобро дејство и квалитетни резултати.
Тоа се постигнува со лентите кои се развиле за таа примена, а посебно се развил начинот на поставување т.е. техниката на лепење на лентите на кожата, при што со нивна правилна употреба и избор на боја се смалува болката и се зголемува подвижноста.
Овој труд има намера да ги согледа досегашните дијагностичко-превентивни критериуми, да се предложат и додадат методи за работа и медицинска инвестигација со која би се утврдила ефикасноста на методата колор енергетско-физиолошки меди-тејпинг (CEPMT) за превенција и корекција на деформитетите кај децата во училишна возраст, рехабилитација на повредите во аматерскиот и професионалниот спорт, третман на болка при акутни и хронични повреди и состојби на телото.
Појавата на оваа техника пред скоро 25 години, првенствено за третман на спортски повреди во западната медицина, денес е општоприфатен комплеметарен метод на светската медицинска заедница.
Со новите истражувања ќе придонесеме во понатамошниот развој на овој метод.
Овој труд партиципира во тој правец и во правецот на осовременување и развој на профилот дипломиран физиотерапевт – специјалист.
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 04 May 2015 08:55 |
Last Modified: | 04 May 2015 08:55 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13107 |
Actions (login required)
View Item |