Практикум по наратологија

Mladenoski, Ranko (2015) Практикум по наратологија. ISBN 978-608-244-176-4.

Full text not available from this repository.

Abstract

Наставниот прирачник „Практикум по наратологија“ претставува прилог кон скриптата со наслов „Наратологија“ што веќе е објавена во 2012 година во електронска форма во е-библиотеката на веб-страницата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Прирачникот „Практикум по наратологија“ е составен од четири дела, односно од четири поглавја: а) „Наратолошки интерпретации“; б) „Основи на наратологијата (проверка)“; в) „Структури и модели (проверка)“; г) „Колоквиумски прашања“.
Првото поглавје со наслов „Наратолошки интерпретации“, всушност, го претставува апликативниот дел во овој прирачник. Станува збор, имено, за четири интерпретативни текста со кои се илустрираат методите за анализа (толкување) на прозниот книжевен дискурс: „Циклична супституција на ликови во романот ’Тунел‘ од Петре М. Андреевски“; „Дестабилизираните ликови во романот ’Бабаџан‘ од Живко Чинго“; „Културниот алтеритет во романот ’Вештица‘ од Венко Андоновски“ и „Наративните структури во романите на Славчо Ковилоски“. Во второто и третото поглавје [„Основи на наратологијата (проверка)“ и „Структури и модели (проверка)“] се нудат прашања и задачи од сите методски единици од Предметната програма за курсот по Наратологија што се елаборирани во скриптата „Наратологија“. Последниот дел од овој прирачник содржи сто и дваесет колоквиумски прашања со кои е опфатена сета материја од предметот Наратологија. Практичната намена на овој дел од прирачникот е студентите што посолидно да се подготват за двата колоквиуми и за завршниот устен испит по курсот Наратологија. Покрај сето тоа, приложен е тука и Речник на термини во кој се дадени кратки, сублимирани дефиниции за најосновните единици од терминолошкиот систем на наратологијата. За оние студенти, пак, што имаат желба и намера да ги прошират и да ги продлабочат своите знаења од наратологијата, на крајот од Практикумот е приложена и Библиографија на мошне значајни и вредни наратолошки трудови.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 24 Apr 2015 13:30
Last Modified: 24 Apr 2015 13:30
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13073

Actions (login required)

View Item View Item