Поетска обнова на детството

Mladenoski, Ranko (2004) Поетска обнова на детството. Современост, 51 (4). pp. 157-158. ISSN 0038-5972

[thumbnail of Ranko Mladenoski za Nekoi cudni boi od Tocinovski.pdf]
Preview
Text
Ranko Mladenoski za Nekoi cudni boi od Tocinovski.pdf

Download (14MB) | Preview

Abstract

Трудот претставува рецензија, односно осврт кон поетската збирка за деца со наслов „Некои чудни бои“ од авторот Васил Тоциновски што ја издаде Дирекцијата за култура и уметност од Скопје во 2004 година. На почетокот од овој труд е понудена една паралела помеѓу песната „Кафез“ од Блаже Конески и песната „Најубавиот цвет во нас“ од Тоциновски во збирката „Некои чудни бои“ со што се алудира, всушност, на една од суштинските особености на стиховите од оваа книга на Васил Тоциновски, а тоа е навраќањето кон детството како најубавиот период во човековиот живот. Кон тоа се додава и податокот дека збирката „Некои чудни бои“ е стихотворен мозаичен збир од ветер, цвет, сонце, месечина, ѕвезди, божилак, небо, дожд, езеро, шума, разноразни животни, детски соништа, желби и мечтаења. Во заклучокот од овој осврт се нагласува дека поетската збирка „Некои чудни бои“ од авторот Васил Тоциновски е поезија од децата за децата, односно за сите деца и дека во неа има што да се прочита и има што да се научи.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 10 Mar 2015 10:50
Last Modified: 10 Mar 2015 10:50
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12890

Actions (login required)

View Item View Item