Mladenoski, Ranko (2004) Книжевни преобразби на фолклорот. Стожер, 8 (78-80). p. 36. ISSN 1409-6005
Preview |
Text
Ranko Mladenoski za legendi i predanija od Tocinovski.pdf Download (13MB) | Preview |
Abstract
Овој труд претставува рецензија за книгата со наслов „Златна книга на легенди и преданија“ од авторот Васил Тоциновски, а ја издаде книгоиздателството „Феникс“ од Скопје во 2004 година. Во трудот се нагласува дека станува збор за книга во која Тоциновски ги преработува (прераскажува) добропознатите теми и мотиви од македонскиот фолклор и тоа на македонски стандарден јазик. Во основа, овде доминираат мотивите за преполовената сила на Марко Крале, за Марко Крале и Секула Детенце, за Болен Дојчин и Црна Арапина, за Ноевата арка, за раѓањето на чумата, за сиромавиот што барал чесен и праведен кум, но и мотиви поврзани со историски личности како што се Александар Македонски, Волкашин и други. Покрај тоа, во трудот се нагласува дека Тоциновски избрал бисери од македонскиот фолклор и дека тие мотиви мошне умешно и успешно се пренесени до читателската публика на македонски стандарден јазик. Во заклучокот од трудот се потенцира дека легендите и преданијата што се преработени во оваа книга стануваат подостапни за обичниот читател.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 06 Mar 2015 12:54 |
Last Modified: | 06 Mar 2015 12:54 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12858 |
Actions (login required)
View Item |