Denkova, Natasa (2012) Компаративна студија за поврзаноста на социјално економскиот статус, навиките за орална хигиена и денталниот морбидитет кај децата на 15 годишна возраст. Masters thesis, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
Preview |
Text
MAGISTERSKI TRUD.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Идејата за квалитетот на животот заживеала се развивала и се проширувала и во областа на медицинските истражувања, подобрување на квалитетот на животот постанало цел на промоција на здравјето и превенција на заболувањата. Главна цел на оваа студија е да ја детерминираме корелацијата помеѓу состојбата на орлното здравје и социјално економските услови и навиките за соживување на денталното здравје кај децата.Во истражувањето се вклучени селектирани групи на ученици на возраст од 15 годишна возраст од Штип на кои им беа пополнувани анкети за социјалноекономските фактори на живеење и детерминиран КЕП КИП КИО и ОХИ индекс. Резултатите од студијата од анкетата на родителите укажува дека не е констатирана статистички значајна разлика помеѓу вредностите (p>0.05) во однос на занимањето на таткото помеѓу испитаниците на експериманталните групи А и Б.КОнстатиравме дека постои статистички висока значајна разлика (p<0.01)на вредностите во однос на успехот на училиштето помеѓу испитаниците на експериманталните групи А и Б. Не е констатирана статистички значајна разлика (p>0.05)помеѓу вредностите во однос на влијанието на исхраната помеѓу испитаниците на експериманталните групи А и Б.Констатиравме дека постои статистичка разлика на вредностите (p<0.05)добиени за општите сознанија за одржување на орална хигиена и кога и ако треба да се одржувапомеѓу испитаниците на експериманталните групи А и Б. Резултати од прашалникот ученик укажува на констатација дека постоеше статистичка значајна разлика(p<0.01)за разликите на вредностите во однос на влијанието на исхраната за оралното здравје и општите сознанија за оралното здравје и кога и како треба да се одржува помеѓу испитаниците од експериманталните групи А и Б. Констатиравме дека постои статистички значајна разлика(p<0.05)на вредностите за тоа кога и како се однесуваат за профилаксата со флуор и за посета на стоматолог помеѓу испитаниците од експерименталните групи А и Б.Не постоеше статистички значајна разлика (p>0.05)на вредностите добиени за вкупниот КЕП помеѓу испитаниците од експерименталните групи А и Б.Вкупните вредности за Кип, Кио и Охи индексот укаѓаа дека кај експерименталната група А вредностите изнесуваа за Кип 2.91, за Кио 92.11 и Охи 0.48 додека истите вредности кај експерименталната група Б изнесуваа за Кип 2.46 за Кио 94.05 и Охи 0.72.Во комплексната интеракција на предиспонирачките фактори на социјалната средина ( социјално економскиот статус,здравственото воспитување, средината на живеење) од реализацијата на нашата студија можеме да заклучима декаистите значајно влијаат на преваленцијата на денталниот кариес кај децата од училишна возраст во Штип, за тоа најверојатно се виновни и други фактори кои не беа предмое на нашето истражување.
Клучни зборови: социјално економски услови,кариес, превентива.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Natasa Longurova |
Date Deposited: | 06 Mar 2015 12:39 |
Last Modified: | 07 Aug 2015 07:35 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12840 |
Actions (login required)
View Item |