Gjorgieva Ackova, Darinka and Smilkov, Katarina and Janevik-Ivanovska, Emilija (2012) Терапевтски радиофармацевтици базирани на моноклонални антитела и пептиди. In: Прв стручно-научен собир на ФМН, 21 Dec 2012, Stip, Republic of Macedonia.
Preview |
Text
Abstracts FMN UGD 2012.pdf Download (981kB) | Preview |
Abstract
Во последниве години развојот на радиофармацевтските препарати е насочен кон нивна употреба за третман на малигни заболувања и тоа преку сврзување на радионуклидите за високо специфични антитела или пак пептидни молекули. Моноклоналните антитела (MoAbs), дизајнирани спрема различни антигени на специфични типови на тумори, може да служат како таргет-носачи на радионуклиди до туморите, како и радиообележаните рецептор-врзувачки пептиди кои се важна класа на радиофармацевтици употребувани за дијагностички и терапевтски цели.Цел на истражувањето е подготвување и карактеризација на радиофармацевтици базирани на моноклонални антитела радиообележани со Лутециум-177 (177Lu).Истражувањата се вршат со примена на антитело анти-CD20, химерното глувчешко-хумано моноклонално антитело (Rituximab) со селективно врзување за антиCD20 антигенот, кој го има на B-лимфоцитите и над 90% на B клет¬ки¬те на не-Хочкиновите лимфоми (NHL) како носач. Конјугацијата се врши со бифунционалниот хелатор DOTA, а како радионуклид може да се користи 90Y, 177Lu, 131I, 188 Re,,....[177Lu]-DOTA-anti-CD20 е добиен со принос од околу 75% и радиохемиска чистота повисока од 97% и покажува добра хемиска и биолошка стабилност. Стабилноста на радиоимуноконјугатот in vitro е најмалку 72 h во 0,9% NaCl и во хуман серум. Највисоката специфична активност достигнува 300 MBq/mg (8,1 mCi/mg) што е погодно за клиничка употреба. Лутециум-177 (177Lu) е потенцијален добар избор за терапија поради неговите идеални карактеристики како благата бета-емисија, и релативно долгиот полуживот од 6,71 дена. Како и 90Y, 177Lu исто така има гама-емисија, која е соодветна за визуелизациони студии за документирање на таргет и биодистрибуциони студии за дозиметриски пресметки.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Darinka Gorgieva Ackova |
Date Deposited: | 06 Mar 2015 13:03 |
Last Modified: | 06 Mar 2018 10:43 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12832 |
Actions (login required)
View Item |