Гаргара за душата

Mladenoski, Ranko (2015) Гаргара за душата. Современост, 64 (1). pp. 149-151. ISSN 0038-5972

[thumbnail of Ranko Mladenoski recenzija za Gargara od Stanojoski.pdf]
Preview
Text
Ranko Mladenoski recenzija za Gargara od Stanojoski.pdf

Download (9MB) | Preview

Abstract

Трудот претставува осврт, односно рецензија за романот со наслов „Гаргара“ од македонскиот автор Игор Станојоски. Овој роман е објавен во 2014 година од издавачката куќа „Панили“ од Скопје. На почетокот од овој осврт се даваат основните податоци за структурата на ова романескно остварување на Станојоски по што се анализираат во општи црти сите наративни сегменти од романот. Во освртот се нагласува дека станува збор за роман во кој главното дејство се одвива во западноукраинскиот град Лемберг (односно Лавов) во 2004 и 2005 година со бројни реминисценции што го враќаат читателот во 1962/63 година, а настаните од последниот дел се случуваат во 2012 година. Сите настани и сите ликови, всушност, се поврзани со подземното и мистериозно кафуле наречено „Гаргара“. Исто така, во рецензијата се потенцира дека љубовната приказна за двајца разделени Македонци од Егејска Македонија кои повторно ќе се сретнат во Лавов по многу децении ја гради, всушност, фундаменталната структура во овој роман на Игор Станојоски. Во заклучокот од овој осврт е нагласено дека романот „Гаргара“ е книжевно дело со многуслоен семантички код и дека тематско-мотивската шареноликост изразена низ една доминантно постмодернистичка призма му дава особен привлечен шарм и дух на овој роман.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 25 Feb 2015 14:04
Last Modified: 25 Feb 2015 14:05
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12821

Actions (login required)

View Item View Item