Mladenoski, Ranko (2015) Наративните структури во романите на Славчо Ковилоски. Современост, 64 (1). pp. 65-81. ISSN 0038-5972
Preview |
Text
Ranko Mladenoski za romanite na Slavco Koviloski.pdf Download (9MB) | Preview |
Abstract
Овој труд претставува интерпретација на трите романи на младиот македонски автор Славчо Ковилоски и тоа во еден сублимиран вид. Станува збор, имено, за романите „Опасен сум“ (Темплум, Скопје, 2007), „Сонување“ (Макавеј, Скопје, 2011) и „Синот на кралот“ (Современост, Скопје, 2011). Директен повод за навраќањето кон романескното творештво на Ковилоски во еден ваков интегрален вид е новообјавата на трите романи (како второ издание на секој роман) во 2014 година од страна на скопскиот издавач „Феникс“. При анализата на овие романи се тргнува од спецификите на секој роман одделно при што се предочуваат нивните најосновни карактеристики. Така, за романот со наслов „Опасен сум“ се нагласува дека тој претставува едноставна современа приказна која зборува за проблемите и премрежијата со кои се соочува човекот, пред сè младиот човек, во општеството (цивилизацијата во општа смисла) во кое владее законот на незаконското владеење. За романот „Сонување“ се заклучува дека е роман за човековото чувство на загубеност во цивилизациските лавиринти, во темните ходници на општествениот живот, за незадоволството на човекот од стварноста таква каква што е, за нашиот неодолив копнеж вечно да трагаме по новото, по непознатото. За романот „Синот на кралот“, пак, се потенцира дека станува збор за едно модерно книжевно-уметничко дело во вистинска смисла на зборот и дека Ковилоски мошне умешно ги компонира различните жанрови во едно сложено прозно остварување каков што е романот. На крајот од трудот се дадени општите особености на романескното книжевно-уметничко дело на Славчо Ковилоски при што се зборува за интертекстуалноста, нараторската разновидност, металитературните конструкции, семантичките празнини во дискурсот, наративните резимеа, мултиплицираната фокализација и друго.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 25 Feb 2015 14:03 |
Last Modified: | 25 Feb 2015 14:03 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12820 |
Actions (login required)
View Item |