Училишна педагогија и училишна организација (одбрани поглавја)

Petrovska, Sonja (2010) Училишна педагогија и училишна организација (одбрани поглавја). Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Штип. ISBN 978-608-4504-19-1

[thumbnail of ПРЕДГОВОР.pdf]
Preview
Text
ПРЕДГОВОР.pdf

Download (256kB) | Preview

Abstract

Откога постои училиштето, постои и интересот за него. За училиштето се заинтересирани сите оние кои на еден или на друг начин се поврзани со образованието на децата и младите (ученици, наставници, родители, стопанственици, политичари, научници). Причините најверојатно треба да се бараат во незаменливото значење на училиштето, како за општествениот развој, така и за развојот на поединецот.
Интересот за училиштето го потврдуваат бројни публикации во кои се третираат вечно актуелни теми, како на пример (ре)дефинирање на училиштето и неговите функции, соодветноста, актуелноста и современоста на различни организациско-содржински концепции и нивните импликации во практиката, реформите и нивните успеси/неуспеси, прифатеноста на училиштето од учениците, родителите и средината, позицијата и улогите на воспитно-образовниот кадар и многу други. Во намера да се обидеме да дадеме одговор барем на дел од нив и да им излеземе во пресрет на студентите од педагошките факултети, ја создадовме и оваа книга.
Пишувањето на систематски учебник по предметот Училишна педагогија е сложена и одговорна задача, бидејќи таа во себе интегрира три меѓусебно поврзани научни подрачја кои ја покриваат училишната реалност: теорија на училиштето, теорија на наставата и теорија на наставниот план и програма (курикулум). Имајќи го предвид овој факт, но и поддршката од останатите педагошки дисциплини (педагогија, теорија на воспитание, дидактика, методологија на педагошко истражување, специјални методики) кои се изучуваат во рамките на студиската програма на педагошките факултети, Оддел за одделенска настава, се одлучивме да направиме дистинкција меѓу проблемите кои ги третира оваа педагошка дисциплина и содржините кои се избрани да се изучуваат по предметот Училишна педагогија и училишна организација.
Учебникот од содржински аспект е структуриран во неколку тематски целини, логички подредени и избрани во согласност со содржините предвидени во Наставната програма за предметот Училишна педагогија и училишна организација.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Sonja Petrovska
Date Deposited: 24 Feb 2015 13:24
Last Modified: 24 Feb 2015 13:24
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12807

Actions (login required)

View Item View Item