Сегрегација на децата Роми во образовниот процес

Ananiev, Jovan (2014) Сегрегација на децата Роми во образовниот процес. Project Report. ОБСЕ Мисија во Скопје, Скопје.

[thumbnail of Reserach on Roma segregation_MK+AL.pdf]
Preview
Text
Reserach on Roma segregation_MK+AL.pdf - Published Version

Download (3MB) | Preview

Abstract

Во Република Македонија, како и во некои други европски земји, во изминатиот период па до денес, забележана е појава на индиректна дисркиминација на децата во Роми преку т.н сегрегација во посебни (порано користен терминот специјални) училишта, односно паралелки, доколку детето учи во редовните училишта. Сегрегацијата, односно одвојувањето на овие деца се врши преку нивна категоризација како лица со умерени пречки во психичкиот развој. Ваквото категоризирање, во целокупниот образовен процес на детето го става во подредена положба во однос на другите деца кои не се категоризирани бидејќи нема можност да се образува по исти наставни и предметни програми, нема можност да се образува во средина со деца кои немаат пречки во психичкиот развој и има намалени можности да го продолжи своето средно образование според своите желби. Напротив, така категоризираното дете кое добива основно образование во сегрегирана средина го продолжува образовниот процес во оние средни стручни училишта кои нудат образование за деца со умерена попреченост. Дополнително, оваа индиректна дискриминација ќе се квалификува и како продолжена бидејќи не застанува само во образовниот процес туку има свое влијание и врз понатамошниот развој на личноста која е категоризирана неосновано и врз општествените, економските и семејните аспекти на животот на односното лице.

Имено, немањето можност да се добие образование кое е соодветно за децата без пречки во развојот, создава дополнителни проблеми во процесот на наоѓањето на работа и напредувањето во работниот процес. Поаради намалената и стеснета квалификуваност, овие лица не се конкурентни на пазарот на трудот и се ниско платени, најчесто немаат можност да продолжат со понатамошно образование, немаат можност да добијат повисоки позиции во работната организација и често пати постои ризик од отпуштање од работа токму поради нивната категоризираност. Сето ова, понатаму влијае врз маргинализација на овие лица како полнолетни граѓани, а којашто е започната уште во процесот на образованието. Создавањето на перцепција дека тие имаат пречки во психичкиот развој креира стигматизација кон нив од страна на заедницата и директно или индиректно отфрлање од различните аспекти на општеството. Проблемот се мултиплицира бидејќи многу често овие лица го прифаќаат ваквиот статус како нормален и подреденоста како природна појава. Многу често, децата на лицата кои биле категоризирани и учеле во посебни училишта односно паралелки стануваат ученици со категоризација.

Ваквата појава можеме да ја карактеризираме како системска бидејќи дискриминацијата не ја прави само некој поединец ниту, пак, само некоја институција туку имаме систем (поврзаност на елементи во една целина) на институции, одговорни лица и вработени во целокупниот процес на категоризација и понатамошно продолжување на оваа појава без редефинирање, преиспитување односно рекатегоризирање. Во склад со искуствата на различни земји е покажано дека системската дискриминација е најдолготрајна, односно повеќегодишно повторување на некоја појава, општествено прифатлива, свесно или несвесно употребувана од лицата кои ја вршат. Покрај директната или индиректната појавна форма, често пати доведувајќи и додискриминација по асоцијација проследена и со форма на инструкција за дисркиминација, навидум неутрални норми, но често недоволно дефинирани и оставени дискрециони овластувања на службените лица.

Item Type: Monograph (Project Report)
Subjects: Social Sciences > Political Science
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Jovan Ananiev
Date Deposited: 23 Feb 2015 15:19
Last Modified: 23 Feb 2015 15:19
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12707

Actions (login required)

View Item View Item