Социологија на религијата - скрипта

Koceva, Daniela (2014) Социологија на религијата - скрипта. ISBN 978-608-244-120-7.

Full text not available from this repository.

Abstract

Скриптата Социологија на религијата е замислена како воведно учебно помагало, наменета за студентите од додипломски студии и за секој оној што сака да дознае нешто повеќе за оваа тема. Скриптата прави спој на дискусја за потеклото и развојот на идеите и основните поими кои се во основата на социологијата на религијата, за да понуди слика за тоа во која насока темата оди денес – посебно на оние кои се занимаваат со изучувањето на двата феномена општество и религија. Религијата, како универзален феномен присутен во општеството и како дел од човековиот живот, невозможно e да се анализира само од еден аспект. Таа претставува еден од најсложените општествени феномени, па затоа, аспектите на нејзиното проучување се бројни и меѓусебно испреплетени, од каде произлегуваат и бројните сфаќања кои се дури и контраверзни, третирајќи ја религијата од облик на општествена свест, дел од општата човекова култура, па се до историски феномен.
Во скриптата секое поглавје е целина сама за себе кое има за цел да воведе и објасни клучни теориски идеи и поими во социологијата на религијата.
Понудениот текст Социологија на религијата е продукт на сеопфатната реализација на наставата во рамките на предметните програми Религиски системи и Верските заедници во Република Македонија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Daniela Koceva
Date Deposited: 12 Feb 2015 09:31
Last Modified: 07 Apr 2015 14:08
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12638

Actions (login required)

View Item View Item