Метеорологија - практикум

Kukutanov, Risto (2014) Метеорологија - практикум. ISBN 978‐608‐244‐110‐8.

Full text not available from this repository.

Abstract

Метеорологијата има огромно значење во земјоделството, со што овозможува предвремено дознававање на климатските услови како што се: температура на воздухот, температура на почвата, врнежливи периоди, сушни периоди, итн.
Од таа причина, сè поголемо внимание ќе се обрнува на промовирањето на примената на метеоролошките, климатолошките, хидролошките и океанографските информации во повеќето гранки на човечката активност во светски рамки.
Во таа насока, точните опсервации, слободната и навремена размена на информации за времето, како и сè поточната прогноза добиена од математичките модели засновани на физичките закони кои владеат во атмосферата, сè повеќе ќе бидат од суштествено значење за животот на луѓето на планетата Земја. Во текот на 20. век автоматското и висинското мерење настанале составен дел на Глобалниот мерен систем. Автоматското мерење во широка смисла претставуваат севкупните мерења кои се извршуваат од
страна на автоматски системи, без директно учество од страна на човечкиот фактор. Меѓутоа, во метеоролоската практика под поимот автоматско мерење се подразбира мерењето од страна на метеоролоските станици.
Висинското мерење, пак, подразбира слободниот простор во атмосферата помеѓу стационарните уреди на земјата, (радар за уредување на сферите) инструменти и системи во атмосферата, авиони, балони или ракети (метеорографи радио-сонди на авионот), како и инструменти на вештачки
метеоролоски сателити за земјата. Основна цел на овој Практикум е подигање на нивото на образованието, техничката култура и унапредување на земјоделското производство.
Авторот ќе биде задоволен и среќен ако практикумот послужи за целта, а благодарен на сугестиите и добронамерните препораки од корисниците.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Biljana Atanasova
Date Deposited: 09 Feb 2015 14:35
Last Modified: 07 Apr 2015 13:40
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12577

Actions (login required)

View Item View Item