Kuzmanovska, Dragana (2014) Преглед на германската наука за јазикот - лексикологија - скрипта. ISBN 978-608-244-039-2.
Full text not available from this repository.Abstract
Насловот на оваа рецензирана скрипта „Überblick der deutschen Sprachwissenschaft- Lexikologie“ (Преглед на германската наука за јазикот- лексикологија) произлезе од потребата на студентите од групата: Германски јазик и книжевност на „Филолошкиот факултет“ при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, кои го слушаат задолжителниот предмет: Лексикологија на германскиот јазикво седми семестар. Првичната идеја, беше да се напише скрипта која ќе им биде водич на овие студенти при изучувањето на овој предмет, но потоа се појавија и многу други прашања како што се: Што е со потребите и на другите студенти германисти?; Дали и ним им е потребна помош при совладувањето на германскиот јазик; Со какви предизвици се соочуват студентите германисти и какви можат да ги совладаат истите на најлесен можен начин? итн. Следејќи ја оваа низа на прашања, дојдовме до заклучок дека треба да создадеме научно помагало кое ќе им помогне на сите сегашни и идни филолози и лингвисти кои ќе сакаат да ги продлабочат своите знаења од областа на германскиот јазик, што би било и од голема корист за германско-македонското научно поле. Нашата цел е воведување на студентите, односно на сите заинтересирани изучувачи на германскиот јазик во лексикологијата на германскиот јазик. Лексикологијата е дел од лингвистиката која го проучува составот на зборовите на еден јазик.
Таа се дели на повеќе поддисциплини:
1. Семантика – внатрешната (значенска) страна на зборот;
2. Етимологија – настанокот и развојот на зборот;
3. Лексикографија – принципите за составување речници;
4. Фразеологија - постојаните зборовни состави - фразеологизми.
Зборот има своја форма и содржина, што значи своја граматичка и своја лексичка страна. Лексикологијата се занимава со лексичката, односно содржинската страна на зборот.
Да го земеме за пример зборот ’глава’. Според формата, тој збор е составен од пет гласа кои се означуваат со соодветни знаци од азбуката. ’Глава’ е именка од женски род во еднинска форма. Може да ја членуваме и да го смениме бројот (главата, главава, главана, глави, главите) итн. Овие граматички карактеристики се неговата надворешна стана.
Но, во свеста на човекот, кога ќе го кажеме зборот глава, веднаш се создава слика за истото кое го означува и ние го сфаќаме значењето на зборот. Тоа е содржината на зборот, неговата внатрешна - лексичка страна.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Dragana Kuzmanovska |
Date Deposited: | 09 Feb 2015 14:47 |
Last Modified: | 09 Apr 2015 13:17 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12555 |
Actions (login required)
View Item |