Cingoski, Vlatko and Petrevska, Biljana and Gelev, Saso and Golubovski, Roman and Citkuseva Dimitrovska, Biljana and Trajkov, Nikola and Velkov, Tomce (2015) Mожности и методи за замена и заштеда на енергија и зголемување на енергетската ефикасност во хотелската индустрија. [Project] (Unpublished)
Preview |
Text
Moznosti i metodi za zamena i zasteda na energija i zgolemuvanje na energetskata efikasnost vo hotelskata industrija.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Трошоци за енергија и енергенси во современите хотелски објекти стануваат значителна ставка во вкупните трошоци на работењето. Затоа, зголемување на ефикасноста и рационалното користење енергија во оваа стопанска гранка која е силно компетитивна и подложна на економски, климатски и трендовски фактори, во голема мера може да се подобри ако осмислено се пристапи и се искористат современите трендови на замена на традиционалните фосилни енергенси со обновливи енергетски извори, односно тнр. „зелена енергија“ како и со примена на современи методи за заштеди на енергијата и зголемување на енергетската ефикасност во оваа индустрија.
Проектот предвидува сеопфатна анализа (теренско истражување, статистичка и техно-економска анализа) на постојните начини на користење на енергенсите и лоцирањето на трошоците за енергија во хотелската индустрија. Проектот ќе резултира со утврдување на сет постојни и нови техно-економски мерки и методи за подобрување на енергетската состојба преку зголемување на енергетската ефикасност, максимална заштеда и супституција на енергенсите, а со тоа и намалувањето на трошоците во хотелското работење. Основна цел на овој проект е развој и имплементација на нови енергетски политики како и предлагање современи и примена на нови Предлог-мерки и Акционен план за унапредување на енергетската ефикасност и обезбедување на економска одржливост и развој во оваа стопанска дејност.
Добиените резултати од проектното истражување ќе имаат научен и апликативен карактер. Резултатите од истражувањето ќе бидат во насока на идентификување и развој на модел на енергетски ефикасен хотел тнр. „енергетски штедлив хотел“ кој ќе биде целосно применлив за нашето климатско поднебје и пошироко за Балканскиот регион.
Energy costs in modern hotels take substantial part of total operational costs. Therefore, energy efficiency increase and rational energy utilization in the hotel industry, which is strongly competitive and exposed to economic, climate and other factors, must be improved. Thus, the contemporary trends should be applied in the line of substitution of traditional fossil energy with renewable energy sources. Moreover, it is necessary to introduce “green energy” by applying latest methods for energy saving and increasing energy efficiency in hotel industry.
This project attempts to undertake comprehensive analyses (field research, statistical and techno-economic analysis) of current status of energy utilization as well as allocating the energy costs in hotel industry. The project intends to implement a set of currently available and to create a set of newly developed techno-economic measures and methods for improving energy status of contemporary hotels by increasing the energy efficiency, maximal savings and energy substitution, thus leading to decrease of total operational costs in hotels. Moreover, the main aim of this project is to develop and implement new energy policy as well as proposing up-to-date Measures and Action Plan for enhancing energy efficiency and providing economic sustainability and development of hotel industry.
The research results will have scientific and applicative justification. The research results will be in the line of identifying and developing a model of so called energy efficient hotel being fully applicative in the wider Balkan region where the climate is similar to ours.
Item Type: | Project |
---|---|
Additional Information: | Проектот е заеднички помеѓу Електротехнички факултет и Факултет за туризам и бизнис логистика од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, одобрен со одлука бр. 0201-165/6 од 29.01.2015 (Универзитетски сенат) и одлука бр. 0801-139/26 од 27.01.2015 (Фонд за научно-истражувачка работа) |
Uncontrolled Keywords: | Енергија; Eнергетска ефикасност; Oбновливи енергетски извори; Tуризам; Хотелско работење; |
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Electrical Engineering |
Depositing User: | Biljana Petrevska |
Date Deposited: | 12 Feb 2015 09:24 |
Last Modified: | 12 Feb 2015 09:24 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12552 |
Actions (login required)
View Item |