Petrovska, Sonja (2014) Форум за меѓуетничка интеграција во образованието на наставничките факултети во Македонија. [Project] (Unpublished)
Preview |
Text
forum SONJA.pdf Download (822kB) | Preview |
Preview |
Text
ИЗВЕШТАЈ ЗА ОДРЖАНИОТ ФОРУМ 28 ЈАНУАРИ 2014.pdf Download (400kB) | Preview |
Abstract
Имајќи ја предвид улогата на наставниците во развојот на личниот просперитет на поединецот, општествениот контекст, како и актуелната општествена мултикултурна реалност, за квалитетот на иницијалното образование на наставниците се заинтересирани научниците, политичарите, бизнисмените и невладиниот сектор. Воглавно се дискутира за содржините, компетенциите, односот на теоријата и праксата, регрутирањето на млади кои ќе се занимаваат со оваа професија и нивниот општествен статус. Во големиот корпус на овие дискусии се заклучува дека наставничката професија станува се посложена не само заради екстремно брзиот техничко-технолошки развој туку и заради мултикултурноста како обележје на глобалниот свет која пак често е причина за појава на девијантно однесување на децата и младите пројавено низ различни облици. Во таа насока се трага по модел на наставник кој ќе може да се справи со предизвиците на денешницата но и по наставник кој ќе биде компетентен да создава генерации за иднината. Во овој контекст нашата институција цели да образува наставници кои ќе можат да се вклучат во европскиот образовен простор што кореспондира и со интенциите на државата.
Предавањето цели да ги опише и вреднува можностите кои ги нуди студиската програма за иницијално образование на наставниците и воспитувачите за нивно оспособување за работа во мултиетничка средина и за примена на интегрираното мултиетничко образование.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Sonja Petrovska |
Date Deposited: | 09 Feb 2015 10:54 |
Last Modified: | 09 Feb 2015 10:54 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12504 |
Actions (login required)
View Item |