Ревизија - практикум

Dimitrova, Janka (2014) Ревизија - практикум. ISBN 978-608-244-136-8.

Full text not available from this repository.

Abstract

Во интерес на прибирање на доволно компетентен и релевантен доказен материјал за оформување и изразување на објективно, независно и аргументирано мислење, ревизорот користи бројни постапки кои во основа се сведуваат на тестови на ревизија. Селектирањето на тестовите за ревизија се смета за последен и најкритичен чекор од ревизијата со кој се заокружуваат планот и програмата за конкретен ревизорски ангажман. Во зависност од конкретните ревизорски цели изведени врз основа на тврдењата во финансиските извештаи, ревизорот применува определени ревизорски постапки како што се набљудувањето, документирањето, конфирмирањето, споредба, распрашување, и други, а коишто служат за прибирање на ревизорски доказ. Применувајки ги ревизорските постапки, ревизорот стекнува достатен соодветен ревизорски доказ. Во зависност од целта за којашто ревизорот собира доказ, повеќето ревизорски постапки можат да бидат класифицирани или како тестови на контрола или како независни тестови.
Учебното помагало РЕВИЗИЈА – ПРАКТИКУМ, претставува дополнување на скриптата со наслов – РЕВИЗИЈА (теоретски и практични аспекти) и е наменето за студентите на Економските и други факултети на кои се изучува предметната дисциплина Ревизија за да ја осознаат потребата и придобивките од ревизијата. Во Практикумот се опфатени повеќе ревизорски постапки, тестови и контроли преку практичен приказ на спроведување на истите од страна на ДРУШТВО ЗА РЕВИЗИЈА, при вршењето на ревизијата на финансиските извештаи на ЕНТИТЕТ НА РЕВИЗИЈА. Поради обемноста на ревизорските тестови и постапки, во овој материјал, акцентот е ставен на наративниот дел при вршењето на ревизијата, а суштинските постапки (тестови на детаљи на салда и тестови на детаљи на трансакции) ќе бидат обработувани во наредното проширено издание на оваа учебно помагало.
Овој ракопис ќе биде од корист и за менаџерите и сметководителите на деловните субјекти, како одговорни за воспоставување и спроведување на ефикасни сметководствени контроли и за вистинитоста и точноста на информациите презентирани во финансиските извештаи, како и на сите стеикхолдери кои имаат потреба од квалитетни информации кои ги содржат ревидираните финансиски извештаи.
Се надевам дека практикумот Ревизија ќе придонесе кон полесно совладување на проблематиката поврзана со ревизијата на финансиските извештаи, ќе ги продлабочи теоретските и практичните знаења на читателите од областа на ревизијата и ќе даде еден нов придонес во обработката на оваа проблематика.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Janka Dimitrova
Date Deposited: 04 Feb 2015 14:50
Last Modified: 07 Apr 2015 13:47
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12349

Actions (login required)

View Item View Item