Minovska, Ana (2014) Оклузална болест: кога и зашто е важна оклузалната состојба? In: Трет научен симпозиум „Оклузална Болест“, 12 Dec 2014, Stip, Republic of Macedonia.
Preview |
Text
flaer-stomatologija-medicina-simpozium.pdf Download (1MB) | Preview |
Preview |
Text
ОКЛУЗАЛ БОЛЕСТ презентација ШТИП.pdf Download (6MB) | Preview |
Abstract
Темата” оклузија” како и дијагнозата и третманот на “оклузалната болест“ сe од голема важност за секој стоматолог, бидејќи сè што правиме има влиание врз оклузијата на нашите пациенти и сè што правиме е засегнато од оклузијата на нашите пациенти. Оклузалната болест заедно со кариесот и пародонталната болест се трите главни причини зошто пациентите ги губат забите.
Секоја специјалност и секоја постапка во стоматологијата е под влијание на оклузија, а сепак “професијата“ се чини дека не е подготвена да се справи со “оклузалната болест“ на рутинска основа.
Поради тоа од големо значење е правилно да се прилагоди оклузијата после билокаја реставративна процeдура, но можеби од поголема важност е да се дијагностицира оклузалната нестабилност, пред да се започне, особено, со обемна реставративна терапија.
Генерализираните знаци и симптоми на оклузалната болест се забележуваат кај поголем дел од пациентите во секојдневната стоматолошка пракса. Дали стоматолог ќе одлучи да ја игнорира, одржува, или третира состојба зависи од неговото искуство и вештина но и од целите и желбите на пациентот. Кога оклузалната болест напредува до точка кога и темпоромандибуларниот заглобен комплекс почнува да страда, некој вид на третман треба да биде антиципиран со цела да се спречи понатамошно прогредирање и можната неповратна штета.
Како одговорни стоматолози киничари потребно е да ги дијагностицираме оклузалните проблеми не само кога се планира реставративна постапка, но, исто така и кога постојат знаци и симптоми на “оклузална болест“ затоашто таа е докажан непријател на долгорочното дентално здравје.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Ana Minovska |
Date Deposited: | 04 Feb 2015 08:58 |
Last Modified: | 07 Aug 2015 12:15 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12299 |
Actions (login required)
View Item |