Кадровскиот капацитет, потребите и развојните потенцијали на малите и средни бизниси во источниот регион базирани на знаење

Kosevaliska, Olga and Tusevska, Borka and Belovski, Vojo and Nanev, Lazar and Miseva, Kristina and Davkova, Lidija (2015) Кадровскиот капацитет, потребите и развојните потенцијали на малите и средни бизниси во источниот регион базирани на знаење. [Project] (Submitted)

[thumbnail of проект УГД 2015.pdf]
Preview
Text
проект УГД 2015.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Во последните децении, феноменот на „глобализација“, техничко-технолошкиот прогрес, концентрацијата на капиталот во неколку светски „гиганти на компании“, придонесе кон потребата од промени во кадровската покриеност во малите и средни бизниси. Ваквите процеси нужно се одразија и на македонското стопанство кое во најголем дел се базира на малото и средно претприемништво. Растот и развојот на претприемничкиот дух во¬ бизнис секторот е во најтесна корелација со кадровскиот капацитет на конкретени деловни потфати. Земајќи го предвид обртот на средства на кое што се базираат малите и средни бизниси, нужно е подобрувањето на човечките ресурси како капитал во зголемувањето на перспективите на деловните субјекти.
Во современите услови на трговско работење, малите и средни бизниси во Македонија согласно концептот „човек фирма,“ јасно ја манифестираат својата потреба од концентрација, рационализација, ефикасност и ефективност на човечкиот капитал со кој што располагаат. Тргнувајќи од нискиот обем на законски предвидениот почетен капитал за отпочнување на своите бизниси, компаниите јасно ја манифестираат својата волја/потреба од стручен човечки ресурс чие знаење и образовен профил ќе кореспондира со неговите бизнис потреби во деловните потфати. Тоа е и клучот на успехот врзан за оптималната алокација на ресурси и соодветно корпоративно управување.
Во ваквата констелација на бизнис релации, образованието, знаењето, вештините и техничките, практиките и целокупниот кадровски капацитет претставуваат суштествен компонента. Во овој сегмент од круцијално значење е улогата на образованието во креирањето кадровски капацитет кој ќе одговори на современите потреби на деловните субјекти. Ваквата нишка помеѓу бизнис секторот и образованието е од круцијално значење за раст и развој на компаниите од една страна, и создавање на тесна соработка помеѓу младите едудирани субјекти и бизнис секторот од друга страна. Интересите на овие два одвоени ентитета се базираат на еден vice versa процес, кој во крајна линија позитивно ќе се одрази на повеќе сегменти на општественото живее во Источниот дел на Р. Македонија (Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново- Облешево и Штип) . За да се одговори на потребите на стопанството, нужно е првенствено истите да се утврдат. За да постои компатибилност помеѓу продуцираните образовни кадри и потребите во бизнис секторот, нужно е утврдувањето на потребата на менаџментот во деловното работење. За таа цел фокусот на истражувањето е на потребите на бизнис заедницата во источниот регион.

Item Type: Project
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Olga Kosevaliska
Date Deposited: 29 Jan 2015 14:00
Last Modified: 25 Jun 2015 11:25
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12194

Actions (login required)

View Item View Item