Tusevska, Borka (2014) The Piercing of the corporate veil doctrine: A comparative approach of the piercing of the corporate veil in European Union and Macedonia. In: Општествените промени во глобалниот свет Прва меѓународна научна конференција, 11-13 Sept 2014, Stip, Macedonia.
Preview |
Text
The piercing of the corporate veil A comparative approach of the priercing of the veil in EU and Macedonia.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Предмет на истражување во овој труд претставува доктрината на „подигнување на велот на правното лице во Европската Унија и Македонското компаниско право.“ Во Европската Унија (понатаму во текстот ЕУ) и светската корпоративна практика, доктрината на подигнување на велот на правното лице претставува еден од најпроучуваните концепти кои што се однесуваат на одговорноста на основачите на трговските друштва. Согласно македонската легислатива за компаниско право, македонската правна мисла и деловна практика, основачите во капиталните друштва одговараат по концептот на „пресметан ризик,“ односно, одговараат само во висината на влогот што го дале во процесот на собирање на основачкиот капитал, или зголемување на основната главнина. Сепак, како на речиси сите правни системи, и на нашиот правен систем му е познат концептот на посебна одговорност на содружниците, предвиден како исклучок од генерално утврденото правило. Истражувањето во овој труд има за цел да ја анализира Македонската корпоративна практика и судските пресуди споредени со практиката на Европскиот Суд за правда и практиките во компаративните системи. Преку проучувањето на ова проблематика, основаната цел е да утврдиме колку често и во кои случаи согласно Законот за трговските друштва[ Закон за трговски друштва, Службен весник 28/2004, 84/2005, 25/2007, 87/2008, 42/2010, 48/2010, 24/2011, 166/2012, 70/2013, 119/2013, 120/2013, 187/2013, 38/2014 и 41/2014 (понатаму во текстот ТЗД). ] судовите го не/подигаат велот на правното лице. Каква е перцепцијата и практиката за ова доктрината и тоа преку: Македонската практика versus Европските практики воспоставени од Европскиот Суд на правда? Кои се правните стандарди на македонските судови за подигнување на велот на правното лице? Во кои случаи судовите се одлучуваа на примена на правниот режим што ја предвидува личната и неограничена одговорност на основачите и управителите, односно органите на управување? За потребите на истражувањето на ова поле, нужна беше и темелна теоретска анализа со цел да се осознаат основните принципи во делот на доктрината за подигнување на велот на правното лице.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | корпоративно управување, доктрината на подигнување на велот на правното лице, основачки капитал, акционери, содружници. |
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Borka Tusevska |
Date Deposited: | 23 Jan 2015 10:28 |
Last Modified: | 06 Aug 2015 11:10 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12039 |
Actions (login required)
View Item |