Проект за обуки за теоретски и практични знаења и вештини на претприемачи од областа на менаџментот, маркетингот и финансиите „Сега, но како!?“

Jovanov, Tamara and Davcev, Ljupco (2014) Проект за обуки за теоретски и практични знаења и вештини на претприемачи од областа на менаџментот, маркетингот и финансиите „Сега, но како!?“. [Project]

[thumbnail of proekt br. 2 - Opstina Stip i Ekonomski fakultet.PDF]
Preview
Text
proekt br. 2 - Opstina Stip i Ekonomski fakultet.PDF - Published Version

Download (103kB) | Preview
[thumbnail of PROEKT NA SOVET NA MLADI 2014 - OBUKI - PREDAVANJA.jpg]
Preview
Image
PROEKT NA SOVET NA MLADI 2014 - OBUKI - PREDAVANJA.jpg

Download (87kB) | Preview
[thumbnail of vezbi za rabotilnicata - aplikativna primena.pdf]
Preview
Text
vezbi za rabotilnicata - aplikativna primena.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Врз основа на склучената соработка помеѓу Економски факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Општина Штип, со потпишаниот Меморандум во 2013 год. за соработка на неопределено време, во текот на месец ноември - декември 2014 год. беше организиран вториот проект: „СЕГА, НО КАКО!?“ - Проект за обуки за теоретски и практични знаења и вештини на претприемачи од областа на менаџментот, маркетингот и финансиите.
Советот на млади при Општина Штип организираше обука за млади претприемачи за областите менаџмент, маркетинг и финансии за основање и водење успешен бизнис.
Потребата за обуки од областа на маркетингот, менаџментот и финансиите произлегува од две економски паралели:
1. Од една страна - причините за неуспех на малите претпријатија на пазарот, помеѓу кои неминовно се вбројуваат причини поврзани со стратегиското деловно работење, односно недостатокот од менаџерски и маркетинг вештини и знаења и потребата од елиминација или намалување на влијанието на тие причини, што се очекува да доведе до подобри бизнис перформанси и конкурентност на пазарот.
2. Од друга страна – значењето на малиот претприемачки бизнис за развојот на економијата на локално, регионално и национално ниво. (Ова се огледува преку доминацијата на малите претпријатија во структурата на стопанството, бројот на вработени лица во истите, учеството во креирање на БДП и додадената вредност на производството, придонесот кон иновациите, зголемување на конкурентноста на пазарот и значењето за големите бизниси).
Без оглед, дали се работи за основач на ново претпријатие или за постојно претпријатие кое сака да напредува во работењето, најголемиот ризик е производство и пласман на производ кој никој не го бара/сака, затоа што: „Пазари кои не постојат, не се грижат за тоа колку сме интелигентни“ (Marc Andreesen – Мозаик – првиот пошироко користен интернет пребарувач).
Претприемништвото (планирање, организирање, водење и преземање на ризик од инвестицијата) е основата и суштината во функционирањето на малите и средни компании. Овде главната улога ја има претприемачот, оној кој бара можности, креаторот и иницијаторот, лидерот, мотиваторот, решавачот на проблеми и поставувачот на цели и стратегии како тие да се достигнат.
Креативноста, посветеноста, лидерството, пасијата за основање на профитабилна компанија со задоволни вработени се особините кои ги делат успешните претприемачи од просечните управители и сопственици.
Клучно значење: Зголемување на знаењето на младите лица (20-30 год) од областите менаџмент, маркетинг и финансии за поставување на основа за развој на нови бизниси (МСП).
Преку обуката која се фокусира на неколку области врз кои се основа претприемаштвото, а тоа се финансиите, менаџмент и маркетинг од аспект на претприемачите, ќе се создаде основа за нови иновативни идеи кои ќе им помогнат на постојните претприемачи да го подобрат функционирањето на веќе постоечките компании, како и на оние кои до сега не се истакнале на ова поле, да се стекнат со практични вештини кои се основа за поттикнување на претприемачкиот дух.

ВИЗИЈА И МИСИЈА
Зголемување на бројот на едуцирани претприемачи од областа на финансиите, менаџментот и маркетингот на локално ниво, кои ќе основаат и развиваат конкурентни претпријатија на пазарот.
Знаењето и вештините на претприемачите ќе се унапредуваат преку обуки од посочените области кои ќе базираат на квалитетно теоретско знаење и избрани техники за развој на практични вештини, како и презентирање на студии на случај на успешни претпријатија. Обуките ќе се изведуваат од страна на високо образувани кадри и докажани претприемачи во своите области на делување.

ЦЕЛИ
ДОЛГОРОЧНИ ЦЕЛИ:
1.Зголемување на конкурентноста на локалната заедница преку образование на претприемачите од областите на финасиите, менаџментот и маркетингот;
2.Изготвување на водич за претприемачите од посочените области;
3.Поставување на основите на бизнис инкубатор во општина штип;
4.Поставување на основите на консултантска канцеларија за претприемачи во општина штип.
КРАТКОРОЧНИ ЦЕЛИ:
1.Зголемување на можностите за дополнително образование од областите менаџмент, маркетинг и финансии за сите млади лица кои немаат доволно познавања и искуство од економијата;
2.Поттик на младите лица за основање на нови бизниси;
3.Презентирање на предностите и можностите за сопствен бизнис во РМ;
4.Развој на претприемачки дух кај младите.

Item Type: Project
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Tamara Jovanov
Date Deposited: 26 Dec 2014 12:11
Last Modified: 16 Aug 2018 07:01
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11838

Actions (login required)

View Item View Item