Fotov, Risto and Fotova, Katerina (2014) Осигурување. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Економски факултет. ISBN 978-608-244-000-2
Preview |
Text
Osiguruvamje_Fotov kniga.pdf Download (5MB) | Preview |
Abstract
Предговор кон второто изменето и дополнето издание
Оваа книга е резултат од желбата на авторите, долгогодишното
практично искуство и теоретско сознание од областа на осигурувањето, да го
презентираат и да го направат достапно за студентите на Економскиот
факултет на Универзитетот ,,Гоце Делчев,,- Штип и пошироко, како и на сите
оние кои најнепосредно работат во осигурителните друштва во Република
Македонија.
Осигурувањето станува се повеќе барана услуга во современиот свет за
обезбедување на економска сигурност од несреќите кои ги причинува
екстремното делување на природните сили во форма на природни несреќи со
огромни штетни последици врз имотот и телесниот интегритет на човештвото.
Логиката на осигурувањето и осигурителниот процес се сфаќа во директна
врска со економската, правната и техничката основа на осигурувањето.
Концепцискиот приод на излагање на темата во овој труд го
претпочитува редоследот на одвивањето на осигурителната технологија на
активности во практиката притоа доволно елаборирајќи ги и објаснувајќи ги
прашањата поврзани непосредно со осигурувањето како и менаџирањето со
ризикот и средствата во функција на постигнување на времeнска компензација
на ризикот, преку комбинирање помеѓу потребната тековна ликвидност
неопходна во тековното сервисирање на обврските спрема осигурениците како
и соодветното користење на слободните средства во функција на остварување
на добивка. Трудот ги разгледува апликативните аспекти на осигурувањето,
аспектите на надоместокот на штети, функциите на осигурувањето и
реосигурувањето, финансиско-мобилизаторската функција, социјалната
функција, аспектите на видовите на осигурување, неживотни о сигурувања,
осигурувања на лица. Посебен простор им е посветен на средствата на
осигурување, понатаму на видовите на договорите за реосигурување како
важен елемент во управувањето со ризиците и постигнување на поголема
просторна и временска дисперзија на ризиците, кои осигурителот ги има во
својот портфел, со што ја зголемува сигурноста на осигурителот, но во исто
време и на осигурените. Трудот претставува реткост од аспект на фактот што
нуди целосна заокруженост на осигурувањето како од аспект на тоа што значи
аквизиција ( разгледување на условите и примената на тарифите за
осигурување по одделни класи на осигурување), преку извидот, процената и
ликвидацијата на штетите, до соосигурување, реосигурување и управување со
ризици како и пласманите на формираните слободни средства.
Сметаме дека овој труд ќе им биде од корист како на студентите на
Економските факултети, исто така и на дипломираните економисти и правници,
на стопанствениците, банкарите, финансиските работници, а особено на
вработените во осигурителните друштва.
Користиме можност да им се заблагодариме на рецензентите проф. д-р
Трајко Мицески и проф. д -р Ристе Темјановски, професори на Економскиот
факултет на Универзитетот “Гоце Делчев” –Штип.
Штип, октомври, 2013 година Од авторите,
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Risto Fotov |
Date Deposited: | 25 Dec 2014 14:03 |
Last Modified: | 25 Dec 2014 14:03 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11827 |
Actions (login required)
View Item |