Karanikolova-Cocorovska, Lusi (2014) Приказната за Силјан штркот и македонската стварност. Спектар, 32 (64). pp. 141-148. ISSN 0352-2423
Preview |
Text
Spektar 2C 64 2C 2014.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Оваа статија претставува своевиден обид за мистификација на приказната за Силјан штркот, запишана од патријархот на македонскиот раскажувачки фолклор, Марко Цепенков. Текстот, условно е поделен на два дела. Едниот ги објаснува допирните точки на одделни наративни аспекти, главно мини-жанрите (=искази-формули) во приказната со современата македонска стварност, односно нивната рефлексија во културниот систем. Вториот пак, се обидува да го имитира раскажувачкиот манир на Цепенков, по таков начин што се симулира разговорна ситуација меѓу ликот Силјан, дојден, денеска, во македонската метропола и некои претставници на македонската влада и дипломатскиот кор во државава.
Целта на статијата е, преку третманот на „трагите на фолклорот во современата култура“, да се алудира на актуелните политички, економски и воопшто егзистенцијални „македонски состојби“ и, се разбира, да се даде сопствено видување во таа смисла.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Lusi Karanikolova |
Date Deposited: | 23 Dec 2014 13:23 |
Last Modified: | 04 Aug 2015 11:32 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11781 |
Actions (login required)
View Item |