Janevik-Ivanovska, Emilija (2014) Фармацевтска хемија 1. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Штип, Македонија. ISBN 978-608-244-078-1
Full text not available from this repository. (Request a copy)Abstract
Учебникот по Фармацевтска хемија 1 е изработен согласно барањата на студиската програма по фармација, предметот фармацевтска хемија 1 и како дел од големиот опус на научната област фармацевтска хемија. Неговата основна цел е студентите да се стекнат со основно знаење за за природата на механизмите на дејствување на лековите, со посебен осврт на лековите од неорганска природа, вклучувајќи ги нивните хемиски својства, биолошката улога, нивната структура и синтеза, за биолошката активност на лековитите материи кои се од интерес за фармацијата, нивната интеракција со биолошките целни места и нивната карактеризација.
Учебникот, според својата содржината и начинот на разработката и оргиналниот начин на разработка на тематските единици, претставува дело кое овозможува постигнување на голема ефикасност во воведување на студентите по фармација во областа на фармацевтската хемија и профилот на сопствената професија. Учебникот е прв од ваков вид во државата.
Кај нас досега не се објавени учебници и учебни помагала и скрипти од оваа област кои на студентите по фармација би им овозможиле на соодветен начин со научни факти да се запознаат со основите на фармацевтската хемија и фармацевтските препарати од неорганско потекло кои наоѓаат примена во сите сфери каде фармацевтската дејност е застапена.
Поради својата содржина, а и начинот на кој е напишан, се надевам дека учебникот ќе биде материјал кој може да биде од интерес и на пошироката стручна и научна јавност, како и сите здравствени работници кои доаѓаат во контакт со фармацевтската практика и наука.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Emilija Janevik |
Date Deposited: | 11 Dec 2014 14:48 |
Last Modified: | 11 Dec 2014 14:48 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11695 |
Actions (login required)
View Item |