Интрахоспитални инфекции во ЈЗУ,,Општа болница“ Струмица во период од 2005-2011 год

Koteska, Emilija and Velickova, Nevenka and Sumanov, Gorgi (2014) Интрахоспитални инфекции во ЈЗУ,,Општа болница“ Струмица во период од 2005-2011 год. In: First International Conference of Nursing Colleges and Faculties, 30-31 May 2014, Bitola, R.Macedonia.

[thumbnail of Intrahospitalni infekcii_oral presentation.pdf]
Preview
Text
Intrahospitalni infekcii_oral presentation.pdf

Download (1MB) | Preview
[thumbnail of programa finalno 1 281 29.pdf]
Preview
Text
programa finalno 1 281 29.pdf

Download (285kB) | Preview

Abstract

Вовед: Интрахоспиталните инфекции, со својата комплексна епидемиологија и патогенеза, претставуваат медицински, етички и економски проблем. Тоа се инфекции кои се добиваат, најчесто додека пациентот се наоѓа на болничко лекување во период од 48-72 часа, но и подоцна.
7
Цел на трудот е евалуација на интрахоспиталните инфекции е земена ЈЗУ ,,Општа болница“ Струмица во периодот од 2005 до 2011 год.
Материјал и методи: Kористени се мостри (брисеви) од нежива природа (работни површини, работни облеки, стерилизатор и др.), годишни извештаи и податоци од ЈЗУ ,,Општа болница“ Струмица и Центар за јавно здравје.
Резултатите упатуваат дека во периодот од 2005-2011 год. во ЈЗУ ,,Општа болница“ - Струмица, просечно се земени околу 400 брисеви, при што најголемиот процент од нив покажуваат негативни резултати, останатите упатуваат на присуство на условно патогени микроорганизми. Најчесто изолирани патогени бактерии во овој период во ЈЗУ,,Општа болница“Струмица се:Escherichiacoli,Steptococcusfaecalis и Bacillussubtilis. Заклучоци: Набљудувајќи ги добиените податоци, можеме да заклучиме дека бројот на недозволени патогени микроорганизми се намалува од година во година, а со тоа и можноста за интрахоспитални инфекции. Се препорачува редовно одржувањето на хигиена во болничките установи, почитување на стандардите за работа, редовните контроли од страна на инспекторатот, а воедно и зголемување на свеста кај пациентите во однос на одржувањето на хигиената во и надвор од болничките услови, со цел самите да се заштитат од дополнителни инфекции.
Клучни зборови: Интрахоспитални инфекции, ризици, превенција, санитарна контрола

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Nevenka Velickova
Date Deposited: 10 Dec 2014 08:57
Last Modified: 04 Aug 2015 13:17
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11637

Actions (login required)

View Item View Item