Stojanova, Pavlina and Petreska, Lence and Gelev, Saso (2014) Влијание на информационите технологии врз подобрување на конкурентноста на претпријатијата. In: Втора меѓународна конференција „Влијанието на научно – технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија“, 30-31 Oct 2014, Skopje, Macedonia.
Preview |
Text
EUBA-62Pale-Lence- Gelev.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Во модерната економија, претпријатијата вложуваат напори за имплементација на што подобар (поефикасен) настап на пазарот. Глобалните текови ја наметнуваат неопходноста од стратегиско позиционирање на активностите на компаниите. Денес, во споредба со минатото, е многу потешко претпријатието да заземе конкурентска позиција на пазарот. Новата технологија, влијанието на информатичкиот свет, скратениот животен циклус на производите и низа на други позначајни фактори, влијаат во драстичната промена на принципите на работење. Случајноста на успехот, денес е речиси и невозможна. Во таа смисла, компаниите мораат да вложуваат напори за дефинирање на соодветни модели прилагодени на современите стопански текови, односно тие се почесто се определуваат за изградба на современи информатички структури кои ќе овозможат полесно да се обезбеди конкурентска позиција на претпријатието на пазарот. Имено, на својата традиционална инфраструктура, компаниите ги надоградуваат елементите на е- информациите, е- трансакциите и е-односите.
Клучни зборови: информациони технологии, конкурентност, претпријатија, потрошувачи, web-страници
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Computer and information sciences Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Electrical Engineering |
Depositing User: | Saso Gelev |
Date Deposited: | 09 Dec 2014 10:38 |
Last Modified: | 09 Dec 2014 10:38 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11612 |
Actions (login required)
View Item |