Автоматизирање на ЕКГ дијагностика

Golubovski, Roman (2014) Автоматизирање на ЕКГ дијагностика. In: Втора меѓународна научна конференција „Влијанието на научно – технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија“, 30-31 Oct 2014, Skopje.

[thumbnail of [EUBA2014] ES - Golubovski.pdf]
Preview
Text
[EUBA2014] ES - Golubovski.pdf

Download (1MB) | Preview
Official URL: http://www.euba.edu.mk

Abstract

ЕКГ дијагностиката се темели на податоците за морфолошките специфики на стандардното множество од 12 одводи (траги). Под специфики се подразбира множеството напонски и временски големини (параметри) кои ги карактеризираат морфолошките целини: P бранот, Q-R-S дефлексиите, елевацијата на ST сегментот и T бранот. Напонски големини се нивните амплитуди (отстапувања од изоелектричната линија), а временски големини се нивните траења (ширини) и меѓусебни растојанија (интервали и сегменти). Утврдувањето на сите нив доведува до прецизна дијагноза или јасна насока за употреба на натамошните дијагностички методи. Бидејќи ЕКГ сигналите се морфолошки целосно детерминирани, ЕКГ дијагностиката може да се смета за тесен и специјализиран домен сеопфатно покриен со човекова експертиза (знаење). Генералното поле на вештачка интелигенција (AI) може да форматира такви комплетни и детални познавања од даден домен во експертен систем (ES), кој може да резонира заклучоци од тој домен врз основа на доволно факти, со перформанси компаративни на човечки експерт. Овој труд дава предлог за ES темелен на диференцијална ЕКГ дијагностика базирана на стандардизираното 12-канално множество одводи: шесте стандардни (екстремитетни) - aVF, aVR, aVL, DI, DII, DIII и шесте прекордијални (градни) - V1, V2, V3, V4, V5, V6. ES продуцира јасни и концизни интерпретативни дијагнози (дијагностички констатации) составени од интерпретации (главна дијагноза) и опционален текст (комплементарен, дообјаснувачки). Интерпретациите се поделени во секции кои се однесуваат на диференцијалните дијагностички целини. Секоја целина може да започнува со skip тестови кои утврдуваат дали постојат доволно факти за испитување на истата или таа треба да се прескокне. Во склоп на целините валидна е само последната дијагностичка интерпретација бидејќи е конечен резултат на сите претходни тестови на предвидените правила. Таа ги содржи инхерентно сите позитивни тестови од сопствената целина и е често битен параметар во дијагностицирањето во наредната диференцијална целина. Прелиминарните проверки на наведениот концепт ES наспроти дијагностицирани снимки укажува на висока конзистентност со експертизата на искусни кардиолози.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Natural sciences > Computer and information sciences
Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Engineering and Technology > Medical engineering
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Roman Golubovski
Date Deposited: 09 Dec 2014 10:20
Last Modified: 09 Dec 2014 10:35
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11606

Actions (login required)

View Item View Item