Stefanova, Sladzana and Miceski, Trajko (2014) Квалитетното селектирање на кадрите како предуслов за успешно работење на организациите. In: Современите менаџерски предизвици и организациските науки, 2014, Битола.
Preview |
Text
Труд БАС pdf.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
Управувањето со човечките ресурси отсекогаш било предмет на посебен интерес на науката и секојдневната човечка пракса како израз на неопходноста за групен начин на живот и работа.
Изборот на квалитетни човечки ресурси, за продуктивно и задоволително функционирање на организациите, е постојан и критичен менаџерски предизвик. Само способните, талетирани и работно дисциплинирани кадри, кои се вработени преку процесот на правилна селекција, можат да придонесат за успешност во сéвкупните активности во организацијата.
Затоа, успешните организации, денес, значително инвестираат во пари, време и напор во изборот, односно селектирањето на човечките ресурси. Тоа го бараат и новите економски услови, каде, посебно се афирмираат кадрите во организацијата и се јавуваат како одлучувачки фактор на конкурентската способност. Оттука, произлегува дека целта на процесот на селекција е да се предвиди идната ефикасноста на вработените и целата организација.
Во трудот, табеларно и графички, се прикажани резултатите од направеното истражување за процесот на селекција на човечки ресурси, спроведено во повеќе претпријатија, кои покажуваат дека овој процес е често недоволно обмислен и организиран.
Клучни зборови: човечки ресурси, организација, селекција, конкурентска способност
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Slagana Stefanova |
Date Deposited: | 04 Dec 2014 14:06 |
Last Modified: | 04 Dec 2014 14:06 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11581 |
Actions (login required)
View Item |