Модел на прифаќање и користење на академски и едукативни информациски системи во високото образование

Kocaleva, Mirjana (2014) Модел на прифаќање и користење на академски и едукативни информациски системи во високото образование. Masters thesis, Факултет за информатика - Универзитет „Гоце Делчев” – Штип.

[thumbnail of magisterski trud-Mirjana Kocaleva-lektoriran.pdf]
Preview
Text
magisterski trud-Mirjana Kocaleva-lektoriran.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Живееме во свет во кој секојдневно сме изложени на промените кои информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) ни ги наметнуваат и овие ИКТ имаат потенцијал да ги подобрат сите аспекти на нашиот општествен, економски и културен живот. Овие промени, во голема мера, се однесуваат и на образованието, па така со воведувањето на ИКТ во универзитетите како високообразовни установи, јасно се менува начинот на кој истото се спроведува. Но, колку што е важно воведувањето, толку е важно и прифаќањето на новите ИКТ во образованието. За таа цел ќе ја употребиме унифицираната теорија за прифаќање и употреба на технологијата (УТАУТ) со која ќе се објасни намерата на корисникот да користи информациони системи и последователно да го следи однесувањето од нивното користење.
Политиката на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип е да има највисок степен на користење на ИКТ во сите сегменти на своето управување, администрирање и настава. За таа цел се спроведени повеќе проекти за имплементација на системите за електронското учење и за УГД универзитетскиот репозиториум во рамките на самиот универзитет.
Во магистерскиов труд прво ќе ги разгледаме и ќе направиме споредба на осумте теории кои и претходат на УТАУТ и од кои таа е добиена. Потоа ќе дадеме опис на самиот модел УТАУТ и факторите кои влијаат на него, како и неговата модификација со текот на времето. Понатаму ќе биде опишана анкетата и ќе се даде детален приказ на резултатите од анкетата спроведена за употребата и прифатеноста на системите за е - учење и на УГД репозиториумот, од стана на наставниот кадар на универзитетот со примена на УТАУТ теоријата. И за крај, во заклучокот, се гледа дека користењето на системот за е-учење, како и на репозиториумот е задолжително, но сепак нивото на усвојувањето меѓу универзитетскиот академски кадар е на некое средно ниво, и дека системот за е -учење се употребува еднаш или повеќепати на ден, додека репозиториумот се користи еднаш месечно.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Mirjana Kocaleva Vitanova
Date Deposited: 05 Dec 2014 10:46
Last Modified: 05 Dec 2014 10:46
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11524

Actions (login required)

View Item View Item