Mladenoski, Ranko (2014) Синонимните ликови во романите на Венко Андоновски. Контекст (12). pp. 129-143. ISSN 1857-7377
Preview |
Text
Ranko Mladenoski Sinonimni likovi vo romanite na Andonovski Kontekst.pdf Download (14MB) | Preview |
Abstract
Овој труд претставува компаративно истражување за спецификите на ликовите со идентични семантички полиња, односно на синонимните ликови (ликови-синоними), во четирите романи на македонскиот автор Венко Андоновски. Станува збор, имено, за синонимни ликови во следните романи: Азбука за непослушните (1994), Папокот на светот (2000), Вештица (2006) и Ќерката на Математичарот (2013). Стартната позиција во елаборирањето на поставената компаративна теза за постоење на синонимни ликови во четирите наведени романи е најновиот роман на Андоновски со наслов Ќерката на Математичарот од чиј аспект во понатамошните споредбени анализи се трага по еквивалентните атрибути (семи) на специфичните ликови во различните романи од истиот автор.
Извршената компаративна анализа на поставената проблематика покажа дека во различните романи на Андоновски постојат голем број ликови со идентични семантички полиња. Такви се, на пример, ликовите отец Ефтимиј (од романот Азбука за непослушните), отец Стефан Писмородецот (од романот Папокот на светот), главниот инквизитор (од романот Вештица) и Алваро Муертес (од Ќерката на Математичарот). Овие четири лика од четирите романи на Андоновски покажуваат висок степен на идентичност во нивните семантички полиња и воопшто во нивните наративни програми, а романите на овој наш автор изобилуваат со вакви примери што е илустрирано и со една прегледна табела во овој труд.
Во заклучокот од трудот се потенцира дека суштината на ваквата наративно-романескна постапка на овој наш автор се состои во идејата за бунтот, за осамостојувањето, одметништвото (неконформизмот) на книжевните ликови, како и тоа дека тој нов, автономен живот на ликовите е само потврда, поткрепа на базната универзална идејна нишка во романите на Венко Андоновски, а тоа е алудирањето на исконскиот човеков копнеж по бесмртноста, по слободата, по себепронаоѓањето, по можноста да се креира сопствениот живот (сопствената автентична судбина) според своите желби.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 20 Nov 2014 09:44 |
Last Modified: | 20 Nov 2014 09:44 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11371 |
Actions (login required)
View Item |