Значење и примена на пазарна ориентација во работењето на МСП

Jovanov, Tamara and Fotov, Risto and Davcev, Ljupco (2014) Значење и примена на пазарна ориентација во работењето на МСП. Yearbook, Faculty of Economics, Goce Delcev University - Stip, 6 (6). pp. 87-99. ISSN 1857- 7628

[thumbnail of Zbornik_ekonomski_2014.pdf]
Preview
Text
Zbornik_ekonomski_2014.pdf

Download (7MB) | Preview

Abstract

Краток извадок
За подобро да се разбере значењето на пазарната ориентација, потребно е претходно да се направи разлика помеѓу поимите: маркетинг концепт, маркетинг ориентација и пазарна ориентација. Еволуцијата на маркетинг концептот датира уште од 50тите години на 20тиот век, а е опишан како бизнис филозофија којашто потрошувачот го става во центарот, т.е. фокусот на активностите. Наспроти бизнис филозофијата, маркетинг ориентацијата може да се опише како начин на имплементација на маркетинг концептот. Од друга страна, пазарната ориентација e „Степен до кој бизнис единицата: 1. Располага со користи информации за потрошувачите, 2. Развива стратегија која ги пресретнува барањата на потрошувачите, 3. Ја имплементира таа стратегија преку одговарање на потрошувачките потреби и желби“. Во суштина, може да се каже дека пазарната ориентација е дел од и го поддржува и помага маркетинг концептот како филозофија на работење и маркетинг ориентацијата како деловни активности, обединувајќи ги двата поими. Кај претпријатија кои поминале транзиција независно од нивната големина, генерално, можат да се забележат промени кои настанале под влијание на промената на економскиот систем и бизнис опкружувањето во кое работат. Според деловната стратегија и концептот на работење, нашите МСП сѐ уште се наоѓаат во состојба на транзиција, со повеќе сличности на минатите искуства на претпријатијата во светот, отколку со нивната конкурентска состојба денес, по завршување на транзицијата.

Клучни зборови: пазарна ориентација, МСП, деловна стратегија

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Tamara Jovanov
Date Deposited: 19 Nov 2014 10:31
Last Modified: 14 Aug 2018 09:10
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11352

Actions (login required)

View Item View Item