Списанијата и творештвото за деца на турски јазик во Република Македонија

Celik, Mahmut and Denkova, Jovanka (2014) Списанијата и творештвото за деца на турски јазик во Република Македонија. Детињство. Часопис о књижевности за децу, XL (3). ISSN 0350-5286

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_jovanka.denkova_Desktop_najnov trud od novi sad-za repozitorium.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_jovanka.denkova_Desktop_najnov trud od novi sad-za repozitorium.pdf

Download (347kB) | Preview
[thumbnail of Podatoci za Detinstvo-2014, sodrzina.docx] Text
Podatoci za Detinstvo-2014, sodrzina.docx

Download (38kB)

Abstract

За изданијата на турски јазик во Република Македонија посебен проблем претставуваат нивните мали тиражи, заради што, во денешните услови на пазарното стопанство, сè уште не постојат иницијативи за создавање на приватни турски издавачки куќи.
Големиот број ученици во училиштата со македонски, а и албански јазик, и со познатата државна материјална помош на истите, за разлика од оние за турските изданија, овозможува издавање книги и списанија на споменатите мнозински јазици во Република Македонија. Меѓутоа, евентуалните изданија на турски јазик, на пример, на книги раскази за деца, бара финансирање на речиси целокупните трошоци околу печатењето и авторските хонорари, бидејќи од продажба на можните изданија на турски јазик не може да се очекува некоја поголема сума, дури ни за покривање на најнеопходните поштенски трошоци за испраќање на книги, на пример, до селските училишта со турски наставен јазик во Р. Македонија.
Најпогоден пат и начин за повторно оживување на литературата за деца на турски јазик во Република Македонија е истата издавачка дејност да и се довери на некоја издавачка куќа која издава литература за деца на македонски јазик, секако, откако дотичната куќа ќе покаже интерес за тоа. Околу конкретната иницијатива, иницијаторите за оживување на оваа дејност можат да стапат во контакт со познати издавачи на литература за деца во Република Турција.
Во рамките на една ваква можна издавачка куќа би можеле повторно да заживеат и списанијата за деца на турски јазик „Севинч“ и „Томурџук“.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Jovanka Denkova
Date Deposited: 12 Nov 2014 08:43
Last Modified: 12 Nov 2014 08:43
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11268

Actions (login required)

View Item View Item