Sivevska, Despina and Bocvarova, Jadranka and Cackov, Oliver (2013) Вклученоста на децата од ромска националност во предучилишните установи. In: IX Симпозијум са међународним учешћем „Васпитач у 21. веку“, 29-30 March 2013, Sokobanja, Serbia.
Preview |
Text
Zbornik.pdf Download (456kB) | Preview |
Preview |
Text
ispraten trud-krajna verzija.pdf Download (548kB) | Preview |
Abstract
Предучилишните установи, и покрај својот незадолжителен карактер, се од голема вредност и значење како за самиот поединец, така и за развојот на општеството во целина. Обезбедувањето на правилен и квалитетен ран детски развој, развој на интелигенцијата и социјалните вештини, стекнување на навики и желба за збогатување на знаењето се само некои од придобивките од посетата на предучилишната установа. Овие придобивки се одлучувачки и важни во понатамошниот развој на поединецот и на самото општество.
Предучилишното воспитание и образование е значајно и потребно како за мнозинските, така и за малцинските групи во општеството. Ромите како малцинството во нашето општество, како припадници на ранливите групи, треба да бидат подеднакво опфатени и прифатени во предучилишните установи.
Во трудот посветуваме внимание на вклученоста на децата од ромска националност во детските градинки во Република Македонија, со посебен осврт на детските градинки во Штип. Во февруари 2013 година спроведовме истражување, во кое беа опфатени 28 воспитувачи од двете градинки во Штип, во чии групи има вклучено и ромски деца. Истражувањето ги испитува мислењата на воспитувачите за три аспекти од вклученоста на ромските деца во детските градинки во Штип, и тоа: соработка и комуникација меѓу македонските и ромските деца во детската градинка, улога и активност на воспитувачот во функција на подобрување на соработката меѓу двете групи на деца и обуки и оспособување на воспитувачот за активно вклучување на ромските деца во групата со македонски деца во детската градинка.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | детска градинка, ромски деца, вклученост, Република |
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Despina Sivevska |
Date Deposited: | 03 Nov 2014 13:46 |
Last Modified: | 06 Aug 2015 13:14 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11231 |
Actions (login required)
View Item |