Форензика на USB и Compact flash мемориски уреди

Kaevik, Zorica and Gelev, Saso and Kozarev, Atanas (2014) Форензика на USB и Compact flash мемориски уреди. In: Четврта меѓународна научна конференција: Науката и општествениот развој, 09 May 2014, Европски Универзитет, Скопје.

[thumbnail of Forenzika na USB-EURM-2014.pdf]
Preview
Text
Forenzika na USB-EURM-2014.pdf

Download (753kB) | Preview

Abstract

Информатичко – комуникациската технологија е најмоќна, најраспростанета и најфлексибилна технологија која воопшто човекот ја измислил. Прогресивно навлегува во сите пори од човечкиот живот. Го променува неговото опкружување, сфаќање, навики, традиции, со други зборови менува муменува се`: каде и како работи, учи, купува, се забавува, се дружи, војува, користи најразлични услуги, ... Но, истовремено ги поттикна и неговите скриени и негативни карактеристики: крадење, пронвери, злоупотреба на личните податоци, напад на информациони системи, но и извршување на далеку потешки злочини на пософистициран начин.
Информатичко – комуникациската технологија, благодарение на моќните медиуми за складирање на информации, ја постави информацијата на пиедесталот на најпрофитабилна стока. Тие медиуми се развиваа во насока на што полесно и побрзо креирање, дистрибуција, складирање, архивирање и пребарување на информациите. Значаен придонес во тоа имаат такнаречените преносни мемеории, USB флеш мемориите и преносните картички. Тие, со својот голем капацитет, малите димензии, физичка мобилност, брзина на работа, модерен дизајн и многу малата цена на чинење го превземаат приматот кај мобилните медиуми за складирање на податоци.
Паралелно со развивањето на овие медиуми, се развиваа и начинот на нивната злоупотреба. Во случај на безбедносен инцидент, во кој се вклучени преносливите мемории, со правилно собирање на релевантни податоци може значајно да се зголеми веројатноста за доаѓање до информации за тоа кој го извршил нападот, од каде е изведен нападот, на кој начин е изведен и слично. Преносливите мемории многу брзо се развиваат, тоа значи дека и форензичарите мораат да го следат тој развој и да пронаоѓаат и применуваат адекватни форензички техники и да стекнуваат поквалитетни знаења. Нивната работа е усложена со фактот дека и напаѓачите се усовршуваат, најчесто побрзо од форензичарите, односно дека преносните мемории се многу поранливи од фиксните. Сето тоа бара големо внимание и стручност бидејќи во спротивно лесно можат да се оштетат уништат или изгубат клучните податоци.
Во рамките на овој труд се обидуваме да ги објасниме принципите на работа на мобилните медиуми за складирање на податоци, безбедноста на овие медиуми, нивната безбедност и методологиите на истрага во случај на криминални активности врз нив.
Клучни зборови: флеш, форензика, истрага, УСБ флеш, флеш меморија, мемориска картичка.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Saso Gelev
Date Deposited: 03 Nov 2014 08:41
Last Modified: 03 Nov 2014 08:41
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11222

Actions (login required)

View Item View Item