Mladenoski, Ranko (2005) Детерминации и дескрипции. Современост, Год.52 (2). pp. 132-134. ISSN 0038-5972
Preview |
Text
Ranko Mladenoski za alegorija i groteska Georgievska Jakovleva.pdf Download (7MB) | Preview |
Abstract
Трудот претставува осврт (рецензија) за книгата „Алегоријата, гротеската и македонскиот роман“ од Лорета Георгиевска–Јаковлева објавена во 2002 година од страна на Институтот за македонска литература во Скопје. На почетокот во трудот се врши споредба со претходно објавената книга од истата авторка со наслов „Фантастиката и македонскиот роман“ при што се констатира дека книгата „Алегоријата, гротеската и македонскиот роман“ е, всушност, продолжение од претходното книга што е сосема природно и очекувано со оглед на фактот дека станува збор за едно и единствено истражување на авторката во рамките на нејзината работа врз докторската дисертација со наслов „Фантастиката, алегоријата и гротеската во македонскиот роман“. Во трудот натаму се посочува елаборацијата на авторката во врска со книжевно-теориското промислување за термините алегорија и гротеска и тоа во контекст на фантастиката, но и во контекст на македонскиот роман како апликативен материјал. Во заклучокот од овој труд се нагласува дека книгата „Алегоријата, гротеската и македонскиот роман“ од Лорета Георгиевска–Јаковлева одгатнува бројни проблеми во врска со трите книжевни категории (фантастика, алегорија, гротеска), но и дека таа загатнува, односно отвора бројни прашања со што е веќе подготвен широк простор за натамошни истражувања заради што и се вели дека оваа книга е значајна и за книжевната теорија и за книжевната историја.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 29 Oct 2014 14:50 |
Last Modified: | 29 Oct 2014 14:50 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11208 |
Actions (login required)
View Item |