Фискален систем - практикум за вежби

Apostolov, Mico and Temelkov, Zoran (2014) Фискален систем - практикум за вежби. ISBN 978-608-244-088-0.

Full text not available from this repository.

Abstract

Овој практикум ги зема предвид темите кои треба да бидат разработени на вежбите од предметот Фискален систем, кој се изучува на Факултетот за бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
Целта на вежбите е интерактивно разработување на темите и
прашањата кои се составен дел од овој практикум, со што студентите би имале можност да оформат свој став во однос на актуелните проблематики од областа на фискалниот систем. Студентите треба да понудат свои аргументи
за темите кои се опфатени во овој практикум и истите ќе бидат презентирани пред останатите студенти за време на часот, во форма на дебата. Притоа, студентите ќе бранат спротивставени ставови (за и против) за понудените
теми. Студентите кои презентираат треба да бидат подготвени да одговараат на прашања од останатите колеги и професорот. Исто така, во Практикумот се наведени и теми за дискусија, каде што студентите треба да земат активно учество во разработувањето на темата за време на вежбите. Студиите на
случај треба да овозможат поврзување на теоретското знање на студнетите со практиката, преку анализа на реални случаи и дискусија за последиците или
ефектите од избраните случаи.
Во Практикумот е предвиден простор за подготовка и обработка на темите од страна на студентите, при што, студентите, исто така, треба да ја посочат литературата која ја користеле во развивање на нивните аргументи.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Mico Apostolov
Date Deposited: 22 Oct 2014 09:26
Last Modified: 15 Apr 2015 09:43
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11184

Actions (login required)

View Item View Item