Mladenoski, Ranko (2006) Стихови за вечната човечна љубов. In: Никола Алтиев, Таа. Современост, Скопје, pp. 61-68. ISBN 9989-2525-6-4
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Za repozitorium novi cetiri 26 septemvri 2014_Pogovor vo Taa od Nikola Altiev_Ranko Mladenoski pogovor vo Taa od Altiev.pdf Download (4MB) | Preview |
Abstract
Трудот претставува поговор кон стихозбирката со наслов „Таа“ од Никола Алтиев објавена во 2006 година од издавачот „Современост“ од Скопје. Во воведот на трудот се наведува основната тематска преокупација на авторот, а тоа е загубената љубов маркирана преку категориите смрт, разделба, осаменост, празнина, спомени, молк, отсутност и слично. Во таа смисла, во овој текст се поставува тезата дека поезијата на Алтиев во оваа збирка се задржува на идејата за постоењето на два паралелни света – светот на живите, од една, и паралелниот свет, односно светот на мртвите, од друга страна. Како најголема потврда за тоа се бројните воспоставени бинарни опозиции во стиховите од оваа збирка во тој контекст, како што се живот – смрт, сон – јаве, отсутно – присутно, сегашност – минато, говор – молк, вечност – минливост, физичко – метафизичко итн. Како илустрација за ваквата теза во трудот се нудат бројни стихови од песните во збирката „Таа“. Во заклучокот на овој труд се нагласува дека Никола Алтиев со стихозбирката „Таа“ приложува уште едно стихувано четиво за вечноста на чистата љубов во трезорот на поетското творештво.
Item Type: | Book Section |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 03 Oct 2014 10:25 |
Last Modified: | 03 Oct 2014 10:25 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11067 |
Actions (login required)
View Item |