Стилски обележја на јазикот во фудбалот

Markoska, Nadica (2014) Стилски обележја на јазикот во фудбалот. Зборник на трудови од Меѓународната конференција за применете лингвистика: Практиката во јазикот, јазикот во практиката. pp. 103-111. ISSN 978-608-4506-34-8

[thumbnail of Stilski obelezja na jazikot vo fudbalot - Nadica Markoska.doc] Text
Stilski obelezja na jazikot vo fudbalot - Nadica Markoska.doc

Download (125kB)

Abstract

Стилистиката е наука што ги проучува изразните средства и можности на јазикот, како и нивната реализација во говорот. Основното значење на зборот стил го наоѓаме во латинскиот јазик, во кој stilus значи средство или начин на зборување и на пишување.
Јазикот во фудбалот е дел од спортскиот функционален стил и е еден од најбогатите и најкреативните. Претставува мешавина од лексички единици преземени од општиот јазик и технички термини кои служат за да се опишат правилата и тактиката на игра, како и за да се објаснат улогите на фудбалерите. Од друга страна изобилува со експресивни елементи, стилски фигури и фразеолошки изрази, како во пишуваните текстови, така и во спортските хроники, со цел да се привлече вниманието на гледачите или на читателите. Неговата цел не е само да ги информира читателите и гледачите, туку и да ги инспирира, да ги приврзе, како и да ги вклучи директно во спортскиот настан. Затоа се користат голем број на стилски фигури, од кои најзастапени се: метафора, компарација, хипербола, метонимија и антономазија, а нивната функција е да побудат силни емоции кај гледачите, слушателите и читателите.
Предмет на проучување на овој труд се стилските карактеристики во италијанската фудбалска лексика.
Клучни зборови: фудбал, функционален стил, стилски фигури

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Nadica Negrievska
Date Deposited: 30 Sep 2014 13:05
Last Modified: 30 Sep 2014 13:05
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11048

Actions (login required)

View Item View Item