Golubovski, Roman (2013) Автоматизација и процеси. ISBN 978-608-4708-82-7.
Full text not available from this repository.Abstract
Автоматизацијата, и процесната контрола и управување се една од најзначајните подрачја на науката и технолошкиот развој. Ова се должи на фактот што автоматиката е поврзана со развојот на скоро секој технолошки правец. Во својата суштина автоматиката е мултидисциплинарен предмет, фундаментален за повеќе инженерски академски гранки како електротехниката, електрониката, машинската, хемиската и аеронаутичката. Таа изискува широки математички предзнаења и имплементациони вештини со контролери во праксата.
Оваа скрипта е наменета за студентите од прв циклус по предметот Автоматизација и процеси на Електротехничкиот факултет при Универзитетот "Гоце Делчев" - Штип. Се работи за воведен материјал од една широка и актуелна област од праксата кој е воедно и интердисциплинарен сублимат од сите стручни предмети кои се изучуваат во првите три студиски години.
Текстот избилува со слики, примери и илустрации кои треба да му помогнат на читателот да ја прати релативно концентрираната содржина, а кои се превземени од стручната литература наведена во библиографијата. Формалната терминологија која е универзално англиска е задржана на илустрациите како поради неизбежната директна употреба во праксата, така и поради неможноста да се преведе концизно во конкретните контексти. Инженерите автоматичари и инструменталисти ја користат во секојдневната пракса без оглед на географската локација.
Скриптата е прилагодена за наставен фонд на часови од 2+1+1, за период од еден учебен семестар. Таа е поделена е на единаесет глави, од кои првите шест генерално се занимаваат со основните поими за процесите и автоматизацијата, структуирањето на истата, процесната периферија, основите на процесната анализа и запознавање со типовите на регулатори, како и мал вовед во имплементацијата на Fuzzy контролата. Вториот дел на материјалот (пет глави) се посветени на запознавање со и базична примена на PLC технологиите и модерните процесни компјутери.
Користам прилика да се заблагодарам на сите колеги, а особено на рецензентите на скриптата за нивните конструктивни коментари, забелешки и сугестии во насока на подобрување на квалитетот и содржината на материјалот.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering |
Divisions: | Faculty of Electrical Engineering |
Depositing User: | Roman Golubovski |
Date Deposited: | 17 Sep 2014 11:34 |
Last Modified: | 14 Oct 2014 10:00 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10971 |
Actions (login required)
View Item |