Тешки и токсични метали во крвта кај здрава популација во регионот на Штип

Temelkova, Ivana (2014) Тешки и токсични метали во крвта кај здрава популација во регионот на Штип. Other thesis, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип.

[thumbnail of Specijalisticki_trud_-_konecen.pdf]
Preview
Text
Specijalisticki_trud_-_konecen.pdf

Download (724kB) | Preview

Abstract

Металите се често присутни во околината, нивното присуство може да се
должи на природната појава или како резултат на антропогени
активности. Актуелната експозиција на човекот се рефлектира во
биолошките медиуми, како крв и урина. Географската дистибуција и
концентрациите на металите присутни во различни еколошки медиуми
како што се воздух, вода, или почвата се важни фактори кои
придонесуваат за степенот на изложеност. Во последните години,
благодарание на технолошките иновации и превентивни мерки, ризиците
поврзани со високата експозиција – апсопрција на металите се
драстично редуцирани. Целта на оваа студија е да се утврди
концентрацијата на различни метали во серум кај здрава популација во
градот Штип. Кај испитаниците со реден број 1, 4, 11, 13, 18 и 19 кои
имаат зголемени концентрации на тешки метали се констатира дека
немаат здрави навики за исхрана, немаат здрава работна средина и се
пушачи што ми дава за право да претпоставам дека лошиот режим на
живот и исхрана доведува и до зголемени концентрации на метали
(бакар, цинк, сребро) во организмот кои штетно влијаат врз функцијата на сите органи во организмот.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Health sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 11 Sep 2014 09:12
Last Modified: 11 Sep 2014 09:12
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10927

Actions (login required)

View Item View Item