Драмската мрежа на стварноста и фикцијата

Mladenoski, Ranko (2005) Драмската мрежа на стварноста и фикцијата. Современост, 53 (5). pp. 142-144. ISSN 0038-5972

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi za repozitorium septemvri 2014 vrateni za sodzina finalni pet_Natasa Avramoska drama Sovremenost sredeno so sodrzina_Ranko Mladenoski za Natasa Avramovska derealizacija.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi za repozitorium septemvri 2014 vrateni za sodzina finalni pet_Natasa Avramoska drama Sovremenost sredeno so sodrzina_Ranko Mladenoski za Natasa Avramovska derealizacija.pdf

Download (8MB) | Preview

Abstract

Овој труд претставува осврт (рецензија) за книгата „Во вителот на дереализацијата (дуплото дно на македонската драма)“ од авторката Наташа Аврамовска, издадена од издавачката куќа „Култура“ од Скопје во 2004 година. На почетокот од трудот се посочува дека доминантен предмет на проучување и истражување во оваа книга на Аврамовска е македонската драма во драма како и тоа дека целта е да се демонстрираат и да се елаборираат сегментите на драмската испреплетена мрежа во која се нижат драми во драми, игри во игри, фикции во фикции. Ова е, всушност, книга што е замислена и реализирана како постструктуралистичка теориско-апликативна дескрипција на македонската постмодернистичка драма. Во таа смисла, во трудот се нагласува дека книгата содржи два основни дела – теориски и апликативен. Во теорискиот дел се определува инструментариумот што е неопходен за интерпретациите, додека во апликативниот дел се покажува практичната примена на теориските алатки врз конкретни македонски драмски текстови. Притоа, авторката оперира со неколку клучни терминолошки определби како што се интеракција, интертекстуалност, автореференцијалност и дереализација на драмата. Откако ќе ги елаборира ваквите појави, Аврамовска се префрла на полето на конкретните драмски дела при што анализира драми од Коле Чашуле, Јордан Плевнеш, Горан Стефановски, Русомир Богдановски, Венко Андоновски и Дејан Дуковски. На крајот од овој труд се заклучува дека пристапот на Наташа Аврамовска кон поставената проблематика е систематичен, аналитичен, синтетичен, полемичен и, пред сè, мошне сериозен.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 09 Sep 2014 10:03
Last Modified: 09 Sep 2014 10:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10917

Actions (login required)

View Item View Item